• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Истрага од албанските власти за аферата Мекгонигал, ФЕС со Нацрт-статут за Заедницата на српските општини во Косово

January 27, 2023
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Истрага од албанските власти за аферата Мекгонигал, ФЕС со Нацрт-статут за Заедницата на српските општини во Косово

January 27, 2023 11:19
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Аферата „Мекгонигал“ во Албанија зема нови димензии во фокусот на медиумите во Албанија, а во Косово на прво место е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, односно, предлог статутот од ФЕС. Ова е само дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

КЛАН – Досие Мекгонигал, Хоџа: Треба да има истрага од албанските власти

„Новинарот Артан Хоџа во емисијата „Опинион“ на ТВ Клан изјави дека треба да се отвори истрага во Албанија за многу озборуваниот случај „Мекгонигал“, со оглед на тоа што во истражното досие се зборува и за албански функционери и за средби на поранешниот функционер на ФБИ во Албанија.“, пренесе албанскиот медиум Клан.

ДУКАЃИНИ: ФЕС предлага Нацрт-статут за Зедницата, тој треба да се креира врз основа на Уставот на Косово (документ)

„Во време кога од ден на ден се зголемува притисокот за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, како предлог веќе е изготвен нацрт на овој механизам. Такво нешто има направено и Фондацијата за социјална демократија Фондацијата Фридрих Еберт, која работи и на Косово. Радио Телевизија Дукаѓини го обезбеди овој нацрт од дипломатското претставништво во Приштина. Документот содржи 18 членови, додека во првиот член се нагласува дека Здружението е правно лице основано врз основа на Уставот и правниот систем на Република Косово.“, се вели  меѓу другото во екслкузивната вест на медиумот Дукаѓини.

ТЕЛЕГРАФИ: Ќе се уриваат дивоградбите во Старата скопска чаршија

„Околу 40 објекти зафатија јавни места во Старата скопска чаршија, констатираа од Инспекторатот за градежништво и урбанизам. Угостителските објекти  узурпираа државни имоти откако ги проширија своите капацитети со изградба на тераси.

Директорот на оваа Инпсекторатот, Фатмир Арифи вели дека на сопствениците им дале рок од 20 дена сами да ги отстранат продолжените објекти, доколку не го почитуваат рокот ќе бидат принудени сами да ги рушат, а за сопствениците ќе бидат обврзани да ги платат сите трошоци.“, пренесе Телеграфи.

БОТА СОТ: На ред е Еди Рама да биде прогласен за нон грата

„Со Еди Рама имате многу докази. Вилијам Аргерос во 2012 година беше осуден на 4 месеци затвор, откако му помогна на шефот на албанската опозиција, Еди Рама, да приложи средства за фотографија со Барак Обама. Американскиот закон забранува спонзорирање на политичка кампања со странски придонеси. Деновиве излезе уште еден законски прекршок, Албанец дал поткуп од  225 илјади долари за да купи некакви документи поврзани со лобирање на опозицијата итн.“, пишува Илир Левоња во колумната „На ред е Еди Рама да биде прогласен за нон грата“, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

ФЛАКА: Културата не познава партија

„Како средствата на владата на Косово, посветени на промоција на правата на Албанците од Прешевската долина и културата во овој дел од албанскиот простор, завршија во рацете на партијата и се распределуваат главно на луѓе блиски до оваа партија“, извадок од едиторијалот „Културата не познава партија“ на Флака.

Д. Тахири 

Tags: АлбанијаафераЗаедница. предлогКУЛТУРАМекгонигалРамаСтатутФЕСЧаршија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ