• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Клинтон порача да се запре „глупоста“ на северот на Косово; Рама на турнеја со „Отворен Балкан“ и Берлински процес низ Балканот; Вучиќ во недоумица за изјавата на Рама

July 4, 2023

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Клинтон порача да се запре „глупоста“ на северот на Косово; Рама на турнеја со „Отворен Балкан“ и Берлински процес низ Балканот; Вучиќ во недоумица за изјавата на Рама

July 4, 2023 12:31
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија од вчера престојува поранешниот Американски претседател Бил Клинтон, а најзабележана беше неговата изјава во однос на тензиите на северот на Косово, кога ги нарече „глупост“, и порача да се прекине истата. Албанските медиуми продолжуваат да ја коментираат изјавата на Рама дека иницијативата „Отворен Балкан“ ја завршила својата мисија, и дека ќе се претопи во Берлинскиот процес, како и коментарот на српскиот претседател, Вучиќ, дека не е сигурен дека Рама го кажал токму тоа. Рама најави турнеја низ Балканските земји, на која планира средби и разговори за иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, според медиумите во Албанија.

Ова се дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

РСЕ: Клинтон ги нарече „глупост“ тензиите на северот на Косово

„Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, побара да се даде решение за ситуацијата на северот на Косово, која ја опиша како „глупост“.

Во својот говор пред високи функционери на Албанија и граѓани собрани во негова чест на булеварот „Херои  на нацијата“ во Тирана, тој истакна дека изборите на северот треба да се одржат што е можно поскоро.

„Сега на Косово се случува спор што би сакал никогаш да не се случи. Веќе не е во мои раце. Но, Косовците ги создадоа овие четири општини за доброто на Србите, за да им дадат четворица градоначалници, но и место во Собранието. Затоа мислам дека згрешиле што не гласале. Мислам дека е лесно за Албанците сега во мнозинство да се обидат да го искористат моментот за да го изнесат својот аргумент. Но, она што треба да го направиме, е да ја запреме оваа глупост“, рече Клинтон.“, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

Еуроњуз: Берлинскиот процес и иднината на „Отворен Балкан“, турнеја Рама на Балканот на 6 и 7 јули

„Албанскиот премиер  Еди Рама од 6 до 7 јули, како што најави, ќе одржи  балканска турнеја во рамки на Берлинскиот процес и иницијативата „Отворен Балкан“, за која претходно изјави  рече дека веќе ја завршила својата мисија.

Се очекува Рама придружуван од дел од владиниот кабинет да ги посети Приштина, Белград, Скопје, Сараево и Подгорица, пренесе Еуроњуз.

Газета експрес: Што рече Вучиќ на прашањето за изјавата на Еди Рама дека „Отворениот Балкан“ ја исполни својата мисија

„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Отворениот Балкан е „автохтона идеја на народите на Балканот“ и дека не верува оти албанскиот премиер Еди Рама можел да каже дека оваа иницијатива ја завршила својата мисија и дека е време да се вклучиме во Берлинскиот процес.

Според медиумите Вучиќ ова го изјавил кога бил запрашан да ја коментира изјавата на Рама за Отворен Балкан, во која тој вели дека оваа иницијатива ја завршила својата мисија и дека е дојдено време да се „претопи“ во процесот на Берлин.

Не сум сигурен дека е точно тоа што го кажа, но се надевам дека наскоро ќе можам да го видам. Отворениот Балкан е автохтона идеја на народите на Балканот, Србите, Албанците, Македонците, но ја поддржуваат и значителен дел од Бошњаците и луѓето во Црна Гора кои не се Срби“, рече Вучиќ, кој додава дека добро го познава Рама и дека е речиси невозможно да кажал такво нешто.“, пренесува Газета Експрес.

КОСОВО

Газета Блиц – Руте: ЕУ да не покажува со прст кон виновникот за односите Косово-Србија

Премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека Европската унија не треба да покажува со прст за да го најде виновникот меѓу Косово и Србија за тензичната ситуација на северот, додавајќи дека блокот треба да помогне, наместо да го најде виновникот. Холандскиот премиер рече дека решението е анекс на спроведувањето на основниот договор меѓу Косово и Србија постигнат во февруари и март.

Тој рече дека двете страни се жалат дека другата страна не го спроведува договорот, но додаде дека се треба да се спроведе и дека треба да се работи со пристап „чекор по чекор“. Не знам дали треба да го впериме прстот во виновникот, на Косово или Србија, бидејќи тоа не и помага на ситуацијата. Сакаме да бидеме од помош“, вели Руте, пренесе Газета Блиц.

Зери – Курти: Сакаме добрососедски односи со Србија, договорот да се спроведува без услови и без одлагања

Премиерот Албин Курти изјавата ја даде по средбата со премиерот на Холандија Марк Руте и премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел.

Тој рече дека побарал од двајцата европски премиери да му помогнат на Косово да влезе во НАТО и во ЕУ.

„Побарав и да ни помогнат во однос на програмата на НАТО, Партнерството за мир и да продолжиме понатаму кон добивањето на прашалникот од Европската комисија за членство во ЕУ, каде што веќе ја направивме нашата официјална апликација“, изјави тој.

„Во однос на дијалогот за нормализација на односите со Србија, истакнав дека Косово е заинтересирано за добрососедски односи. Сакаме европско решение и за ова го имаме основниот договор од 27 февруари и анексот за имплементација од 17 март, за што сакаме да се спроведе во целост, без одложувања и без услови“, изјави Курти, пренесе Зери.

КОЛУМНА

ЕО: Држава на „амбасади“!

„Зошто „амбасадите“ инсистираа на координација со државата Косово? Тие разбраа на кое ниво политичари се занимаваат со политика, меѓу нив и прилично неписмени, кои не знаеја да ги читаат нивните говори во собранискиот говор! ; министерот им даде можност да делат бонбони, односно без никаква професионална програма! Некогаш немаше веќе бонбони. Изненадувачки, и „амбасадите“ одобрија или не имиња за министри!“, пишува авторот Шќиприм Пула, во колумната „Држава на „амбасади“!, објавена во Економиа Онлајн.

Д. Тахири 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • (РЕПРИНТ) Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ