• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово пред политичка криза по неконституирањето на Собранието; СПАК со истрага за изборен криминал во даночната администрација; „Фантомски“ партии пред изборите во Албанија

April 18, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово пред политичка криза по неконституирањето на Собранието; СПАК со истрага за изборен криминал во даночната администрација; „Фантомски“ партии пред изборите во Албанија

April 18, 2025 12:39
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косово ризикува да влезе во политички ќорсокак доколку избраните пратеници не успеат да го конституираат деветтиот законодавен дом на косовското Собрание до крајот на април. Имено, Косовското Собрание влегува во се подлабока институционална криза, откако вчера пропадна и вториот обид за конституирање на новиот законодавен дом, а се очекува третиот обид да се случи веќе утре ( 19 април), пишуваат косовските медиуми. 

Во пресрет на изборите во Албанија ( 9 мај), Ревизијата на мнозинството политички партии регистрирани во Судот во Тирана пропадна бидејќи повеќето немаат точни адреси, а медиумите овие партии ги нарекоа „Фантомски“. Од 132 политички партии, 112 се со сериозни нерегуларности, што претставува своевиден скандал, пишуваат албаснките медиуми. 

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот. 

КОСОВО 

Бота сот: Собранието и по втор пат не успеа да се конституира, утре нов обид  

Косовското Собрание влегува во се подлабока институционална криза, откако вчера пропадна и вториот обид за конституирање на новиот законодавен дом, пишува Бота сот. 

Седницата која требаше да продолжи со гласање за извештајот на Комисијата за верификација на мандатите, воопшто не премина на гласање и покрај тоа што во салата беа присутни 100 пратеници. 

 Претседавачот со седницата Авни Дехари по консултации со претставниците на политичките партии одлучи да ја прекине седницата по втор пат, одложувајќи ја за сабота на 19 април. Прекинот го оправда со немање консензус меѓу политичките субјекти, а истовремено најави дека седницата ќе продолжи во рокот од 48 часа утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија. 

 Оваа одлука предизвика бурни реакции кај опозициските партии. Според нив, Дехари постапил спротивно на планираното сценарио на седницата, одбивајќи да го стави на гласање извештајот на Комисијата – дејствие кое според опозицијата било процедурална обврска. 

Телеграфи: Може ли да дојде до политички застој доколку Собранието не се конституира во април? 

Косово ризикува да влезе во политички ќорсокак доколку избраните пратеници не успеат да го конституираат деветтиот законодавен дом на косовското Собрание до крајот на април, вели вишиот истражувач на Косовскиот правен институт, Наим Јакај. 

Јакај вели дека може да се повтори проблемот од 2014 година – периодот кога земјата влезе во политичка блокада цели 6 месеци. 

 „Конститутивната седница беше свикана на 15 април. И оваа беше свикана во уставниот рок, во рок од 30 дена од датумот на сертификација на парламентарните избори, што значи дека последниот датум кога Собранието би требало да го заокружи таков процес би бил 27 април. 

 Досега разумно е Собранието да се конституира и да го заврши процесот на конституирање, иако требаше да биде 15 април. Но, да го земеме за пример последниот датум, 30 април. По овој датум, Собранието на Косово влегува во политички ќорсокак кој не се знае како ќе заврши. „Неизгласувањето на извештајот на привремената комисија за проверка на кворумот и мандатите е непремостлив пат до доаѓање до заклетва на пратениците“, посочува Јакај, пренесе Телеграфи. 

РТК – КЦЦС: Србија систематски всадува антизападен наратив и ја третира државноста на Косово како безбедносно прашање за да го оправда агресивното однесување 

Во Извештајот од Косовскиот центар за безбедносни студии (КЦСС) се наведува дека доктрината за национална безбедност на Србија стана инструмент за институционализирање на непријателството кон Косово, а истовремено ја продлабочува стратешката соработка со Русија и Кина, развој што има потенцијал да ги поткопа интересите на ЕУ и НАТО на Западен Балкан, пренесе РТК.  

Извештајот, насловен „Како српската безбедносна доктрина гледа на Косово, Западот, Русија и Кина?“, претставува анализа на Националната безбедносна стратегија на Србија усвоена во 2021 година. 

 Според наодите од извештајот, зад реториката за „воена неутралност“, Србија систематски всадува антизападен наратив и ја третира државноста на Косово како безбедносно прашање за да го оправда агресивното однесување. 

АЛБАНИЈА  

СУРИ: СПАК  отвори истрага за вмешаност во изборен криминал во даночната администарција 

СПАК ги прошири истрагите за вмешаност во изборен криминал и во високата даночна администрација. 

 Извори за ТВ Сури посочуваат дека високи функционери на Генералниот директорат за даноци се под истрага. Поточно, во истрагата се вклучени Клодијан Мема, директор на Антикорупциска, Блета Гуџа, директорка за човечки ресурси и Дијана Чаро, заменичка на Генерален директор за даноци и Шпреса Мезини директорка за размена на информации. 

Панорама: „Фантомски“ политички партии; Ревизијата не успева кај повеќето, немаат точни адреси 

Ревизијата на мнозинството политички партии регистрирани во Судот во Тирана пропадна бидејќи повеќето немаат точни адреси, пренесува Панорама.  

Државниот изборен комесар назначи 12 лиценцирани сметководствени експерти за ревизија на 132 политички партии регистрирани во регистарот на Судскиот окружен суд во Тирана во врска со нивната активност во 2023 година. 

 Извештаите доставени од законските ревизори покажаа дека: 

 – 5 политички партии се заверени со резерва поради неправилности во пријавувањето на приходите и расходите, а во финансискиот извештај не ја прикажале вредноста на бруто платите на вработените како трошок; 

 – 81 политичка партија не е предмет на ревизија поради неточни адреси; 

 – 9 политички партии пријавуваат 0 приходи и расходи; 

 – 9 политички партии имаат пасивен статус; 

 – 6 политички партии не го доставиле својот годишен финансиски извештај до ЦИК и поради оваа причина ревизијата не беше спроведена од назначените ревизори; 

 – 2 политички партии не беа ревидирани, бидејќи не платиле за услугите на законските ревизори. 

КОЛУМНА 

Коха: „Стравот на Рама“ 

„Еди Рама сега се постави на пат кој има само две опции: или ќе биде премиер кој ја внесе Албанија во ЕУ и на тој начин ќе влезе во историјата, или самиот ќе стане небитна историја. Ништо помеѓу. 

Несериозно е да се мисли дека Албанија може да постигне да ги заврши преговорите за членство во сите поглавја во рок од две години. Тоа значи дека во рок од две години Албанија ќе ги имплементира сите европски стандарди во сите поглавја на ЕУ.  

Со други зборови, во рок од две години Албанија ќе се погрижи нејзините судови да функционираат на исто ниво како во Португалија, или дека нејзиниот образовен систем ќе биде еднаков со оној на Словенија. Со други зборови, Албанија во рок од две години ќе го направи она што и беа потребни шест години на Хрватска.  

За да видите колку е ова невозможно, само погледнете го настапот на самата Албанија. Секоја година, Европската комисија објавува годишни извештаи во кои се оценува подготвеноста на Албанија да се приклучи на ЕУ во сите 33 поглавја. Од 2020 до 2024 година, Албанија не постигна напредок кон подобро подготвеност за членство во ЕУ во цели 21 поглавје. Следствено, идејата дека во рок од две години Албанија ќе ги исполни сите критериуми за членство во ЕУ е несериозна.“, пишува Авторот Демуш Шаша во колумната „Среавот на Рама“, објавена во косовскиот дневник Коха.  

Подготви: Д. Тахири 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ