• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Мистеријата околу убиството на полицаецот во Србија; Отворањето на мостот на Ибар е добро за сите; Имотните права се голем проблем во Албанија

July 19, 2024
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Мистеријата околу убиството на полицаецот во Србија; Отворањето на мостот на Ибар е добро за сите; Имотните права се голем проблем во Албанија

July 19, 2024 12:29
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Убиството на српски полицаец и ранувањето на уште еден, вчера беше главна тема на денот во земјата и регионот. Властите на Србија најавија потрага по Косовецот Артан Хајризи, бидејќи тврдат дека на местото на настанот биле пронајдени неговиот пасош издаден од Република Косово и неговата лична карта издадена од Германија.

За овој случај досега се уапсени три лица, известуваат косовските медиуми.

Косовскиот премиер Албин Курти во четвртокот изјави дека неговата Влада има намера да го отвори главниот мост на реката Ибар и дека оваа акција не е против никого, пренесоа медиумите.

Во продолжение се содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за  денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Репортери: Мистеријата за убиството во Србија и сомнежите за браќата Хајризи

Убиството на српски полицаец и ранувањето на уште еден, вчера беше главна тема на денот во земјата и регионот. Властите на Србија најавија потрага по Косовецот Артан Хајризи, бидејќи тврдат дека на местото на настанот биле пронајдени неговиот пасош издаден од Република Косово и неговата лична карта издадена од Германија.

За овој случај досега се уапсени три лица, пренесе Репортери.

Српските власти вчера објавија потрага по Косовецот Артан Хајриз, како осомничен за убиството на српскиот полицаец, 34-годишниот Никола Крсмановиќ и за ранувањето на неговиот колега, 50-годишниот Вјекослав Илиќ. Случајот се случил по полноќ во Лозница, Србија, која се наоѓа во близина на границата со Босна.

Хајризи стана главен осомничен во овој случај, бидејќи, според српските власти, на местото на настанот биле пронајдени неговиот пасош издаден од Република Косово и неговата германска лична карта.

РСЕ – Курти: Отворањето на мостот на Ибар не е против никого

Косовскиот премиер Албин Курти во четвртокот изјави дека неговата Влада има намера да го отвори главниот мост на реката Ибар и дека оваа акција не е против никого.

Курти овие изјави ги даде еден ден по средбата со амбасадорите на земјите од КВИНТ во Косово и со шефот на канцеларијата на Европската Унија, со која разговараше за ова прашање.

„QUINT“ ги вклучува САД, Обединетото Кралство, Германија, Франција и Италија.

„Никој не може да каже дека тоа не е добра и исправна работа, но сакаме да се применува законот, да се почитува слободата на движење, но и да има мир и безбедност за сите“, рече Курти на прес-конференција.

Според Курти, отворањето на мостот им помага на сите жители од тој крај, без разлика на етничката припадност.

„Тоа им помага на луѓето од двете страни на Ибар, исто така на трговијата, економијата, соработката“, посочува Курти.

Тој напомена дека пред многу години претставниците на Европската унија го нарекле отворањето на мостот како целина за сообраќај како „симбол на нормализација“.

Против никого, туку за сите“, рече меѓу другото Курти кога ја спомна потребата од отворање на мостот, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

Главниот мост на реката Ибар од 1999 година ја дели Митровица на јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел, населен со српско мнозинство. Одлуката за отворање на мостот беше донесена во Собранието на општина Северна Митровица во април 2023 година, но таа сè уште не е спроведена.

Зери: Курти до граѓаните за убиството во Лозница: Следете ги соопштенијата на нашите власти

Премиерот Албин Курти ги повика граѓаните да ги следат официјалните упатства од косовските власти по неодамнешниот инцидент во Србија, кога еден полицаец загина, а друг беше повреден. За овој инцидент осомничен е Фатон Хајризи, бегалец од затворот Смрекорница, пренесе Зери.

АЛБАНИЈА

ФаксВеб: Афера „Партизани“, Бериша  ја менува одбраната адвокатот, го ангажира адвокатот на Белери

По Фреди Белери, Сали Бериша ќе го брани и адвокатката Клодијана Ѓизари. На денешното рочиште адвокатот се појави заедно со адвокатот Клодијан Скендери, пренесе ФаксВеб.

Седницата се одржува за двомесечната информација каде адвокатите побараа и промена на мерката за Малтез и Бериша.

Досја: Имотните права се голем проблем во Албанија; Стејт департмент: Напредокот на владата стагнира

Стејт департментот на САД соопшти  дека имотните права во Албанија и понатаму се нерешен проблем.

Во годишниот извештај за деловната клима кај нас, Стејт департментот посочува дека преклопувањето на сопственичките права е отворено прашање, бидејќи многу луѓе манипулирале со правосудниот систем за да добијат незаконски имоти. Во извештајот се наведува и дека и покрај тоа што Владата објавила волја, напредокот стагнира, пренесува Досја.

КОЛУМНА

Коха: Во првите седишта на историјата

„Се вели дека луѓето кои живеат во уникатни историски моменти тоа го разбираат многу доцна, само со текот на времето. Мислам дека денес сме во таков момент.

Следните месеци ќе ја одредат судбината на глобалниот поредок за нас и за идните генерации.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Во првите седишта на историјата“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ