• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Над 232 илјади Албанци од странство ќе гласаат на изборите на 11 мај; Конечно изброени гласовите од косовските изборите на 9 февруари; Српскиот синџир на БИА во Косово

March 5, 2025
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Над 232 илјади Албанци од странство ќе гласаат на изборите на 11 мај; Конечно изброени гласовите од косовските изборите на 9 февруари; Српскиот синџир на БИА во Косово

March 5, 2025 13:21
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На парламентарните избори во Албанија, кои ќе се одржат на 11 мај, ќе имаат можност да гласаат над 232.000 Албанци кои живеат во странство, пренесоа албанските медиуми.

По парламентарните избори во Косово, денеска конечно ќе бидат изброени сите гласови, за што Централната комисија за избори беше жестоко критикувана од јавноста, пренесуваат косовските медиуми.

За денешното издание на АЛ-Прес, редакцијата ја избра колумната „Еден милион студенти Албанци во Белград“, од авторот и публицист Ветон Сурои.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

ТВ 21: Над 232.000 имигранти во Албанија се пријавија да гласаат по истекот на рокот

Над 232.000 Албанци кои живеат во странство ќе имаат можност да гласаат на парламентарните избори на 11 мај годинава. Иако рокот за пријавување заврши синоќа на полноќ, оваа бројка се очекува дополнително да се зголемува, бидејќи до среда наутро имало уште над 19.000 барања во фаза на разгледување. Само вчера имаше над 13.200 нови пријавени, пренесе ТВ 21.

Нема шанси да се разгледаат над 42.000 одбиени барања, поради грешки во фазата на регистрација или некомплетна документација. Предлогот за одложување на рокот за регистрација беше поразен вчера попладне во Регулаторната комисија, додека идејата што ја изнесе главниот комесар Илирјан Целибаши да се види можноста да се остави простор да се справи со одбивањата, не наиде на поддршка. Поставена како прашање на состанокот на Регулаторната комисија од еден од членовите, идејата не беше ставена на гласање.

Балканвеб: Албанија станува дел од програмата „Military Erasmus“ за формирање питомци во европските воени академии

Албанија направи важен чекор на полето на безбедноста и одбраната, станувајќи дел од програмата „ Military Erasmus “, која ќе им овозможи на албанските кадети да се обучуваат во повеќе од 10 воени академии на земјите од Европската унија, пренесе Балканвеб.

КОСОВО

Газета експрес: 25 дена по изборите – Целиот процес на пребројување гласови се очекува да заврши денеска

Централната изборна комисија на Косово соопшти дека денеска во Центарот за броење и резултати продолжува пребројувањето на гласачките ливчиња дадени од лицата со посебни потреби, кое се очекува да заврши денеска и со тоа да се заокружи целиот процес на пребројување на гласовите за изборите на 9 февруари, пренесе  Газета експрес.

ЦИК вчера ги објави податоците од 100% од пребројувањето на гласовите добиени преку пошта за републичките избори на 9 февруари, процес кој заврши вчера.

Дукаѓини: Експертот Муслиу го  открива српскиот синџир на БИА во Косово

Безбедносниот експерт од Институтот Октопод, Агим Муслиу, спомена три имиња кои ги нарекува синџир на Тајната служба на Србија (БИА) што работи на Косово, пренесе Дукаѓини.

Едно од трите имиња е Јелена Ѓукановиќ, која пред три дена беше уапсена на северот на Косово под сомнение за шпионажа.

„Ова е каналот на БИА во Косово, расчленет според синџирот!

ГАЈТАНОВИЌ (БИА, Србија)

ВЛАЈИЌ (Косово, северно нелегални структури)

ЃУКАНОВИЌ (Косово, ОБСЕ)“, напиша Муслиу на Фејсбук.

Безбедносниот експерт понатаму рече дека овој синџир „е расплеткан со аргументи, факти и институции од двете страни!“.

„Другите не се непознати, но се уште не се расчленети за сите институции. Кога некој ќе биде уапсен за шпионажа, треба да се сфати дека истрагата за него ја започнал пред најмалку една година обвинителот, а пред најмалку 3 години разузнавачите“, напиша Муслиу.

КОЛУМНА

Еден милион студенти Албанци во Белград

„Постои речиси непогрешлив показател за мерење на моментумот на генерациска промена во државите, а тоа е моментот кога власта почнува да обвинува некој друг за револтот на една генерација против неа.

Вака ми изгледаше вчерашниот ден во Србија, по три месеци студентски бунт против власта. Студентите кои протестираа најпрво беа обвинети дека се манипулирани од западни шпиони – од Велика Британија до Хрватска, потоа дека се дел од големата завера за одвојување на Војводина од Србија, за конечно да се стигне до сигурниот, традиционалниот дежурен  виновник, косовските Албанци.“, пишува Авторот Ветон Сурои во колумната „Еден милион студенти Албанци во Белград“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Пподготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ