• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Полицијата на северот на Косово постепено се повлекува, избори наесен; градоначалникот на Лепосавиќ 43 дена не излегол од општинскиот објект; коруптивна шема на министри и градоначалници во Албанија

July 13, 2023
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Падна француската влада откако пратениците гласаат за разрешување на премиерот Бајру

September 8, 2025
Фото: АА/Фејсбук

(ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

September 8, 2025
Фото: Амбасада на САД/Фејсбук

Честитка од Амбасада на САД и државниот секретар Марко Рубио за Денот на независноста: Го цениме цврстото партнерство во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност

September 8, 2025
Буча. Фото: Твитер

Украина нападна воена единица во Русија обвинета за воени злосторства во предградијата на Кијив, Буча и Ирпин

September 8, 2025
Фото: Еврокомесарката Марта Кос / Х

Еврокомесарката Марта Кос со честитка за Денот на независноста: Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Антонио Кошта со честитка за Денот на независноста: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Најмалку 5 лица убиени во терористички напад врз автобуска станица во Ерусалим

September 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп тврди дека е подготвен за „втора фаза“ од санкциите против Русија, ќе разговара со Путин „многу наскоро“

September 8, 2025

Уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи, крајниот рок е 15 септември

September 8, 2025
Фото: МНР на Украина/ Х

Честитки од МНР на Украина по повод Денот на независноста

September 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Полицијата на северот на Косово постепено се повлекува, избори наесен; градоначалникот на Лепосавиќ 43 дена не излегол од општинскиот објект; коруптивна шема на министри и градоначалници во Албанија

July 13, 2023 11:29
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовската влада постепено ја повлекува полицијата од северот, а изборите би се одржале наесен, како одговор на барањата на ЕУ. Во општината Лепосавиќ на северот на Косово, градоначалникот избран на локалните избори кои ги спорат косовските Срби, веќе 43 дена не излегол од општинскиот објект…

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Сури : Владата на Косово постепено ја повлекува полицијата на северот, изборите наесен

„Владата на Косово официјално објави дека се согласила да го намали присуството на полициски сили на север и дека истовремено го поддржува одржувањето на нови локални избори во четирите општини со српско мнозинство. Овој владин договор е дел од барањето на Европската унија и САД за намалување на тензиите.“, пренесе Сури.

КЛАН: 43-дневниот затвор на градоначалникот на Лепосавиќ, семејството не знае колку може да трае

„Новиот градоначалник на Лепосавиќ, општина населена со српско мнозинство на северот на Косово, останува затворен во општинската зграда, откако влегол таму, пред повеќе од четириесет дена. На Лулзим Хетеми во раните утрински часови на 29 мај му помогнала специјалната единица на косовската полиција да влезе во неговиот кабинет и од тој ден не е пријавено дека го напуштил општинскиот објект.

Таму Лулзим Хетеми јаде, седи, работи  и спие. Неговото влегување во општинскиот објект наиде на протести на локалните жители на Србите и разни насилни групи, кои ги нападнаа органите на редот и ги собраа новинарите.“, пренесе КЛАН.

Бота Сот: Тодосијевиќ е ослободен од обвиненијата по изјавата за Речак

„Врховниот суд на Косово го ослободи функционерот на Српската листа Иван Тодосијевиќ од сите обвинувања за говор на омраза во неговата изјава со која го негираше масакрот во Речак.

Одлуката значи дека се поништува претходната пресуда со која тој беше осуден на една година затвор.

На Иван Тодосијевиќ двапати му се судеше за „ширење омраза и нетрпеливост“. Првиот пат беше осуден на две години затвор, но Врховниот суд на Косово одлучи на крајот на 2021 година да го врати судењето на почеток.

Во повторениот судски процес во Основниот суд во Приштина, тој беше осуден на една година затвор.“, Бота Сот.

АЛБАНИЈА

Дукаѓини: Собранието му го одзема имунитетот на пратеникот на СП, Арбен Ахметај

„Пред неколку дена Специјалното антикорупциско обвинителство (СПАК) побара одземање на имунитетот на поранешниот министер, додека денеска беше соопштено дека албанското обвинителство му го одземало  имунитетот на пратеникот, за да може поранешниот вицепремиер Арбен Ахметај да биде уапсен под сомнение за корупција и перење пари“, пренесе Дукаѓини.

Топ Чанел – Салијањи по седницата на Мандатниот совет: Во коруптивната шема  вклучени поранешни министри, двајца актуелни  градоначалници

Демократскиот пратеник Ервин Салиањи по седницата на Советот на мандати даде детали за случајот Ахметај.

„Тој рече дека има десетици лица вклучени во оваа шема, меѓу кои и поранешни градоначалници, поранешни министри или градоначалници кои моментално се на функција.

Коруптивната шема, бројот и еден од соработниците на Еди Рама, охрабрувајќи го обвинителството и другите лица, ќе оди до крај, потопени се до гуша, единствено решение е оставка на Еди Рама, ќе создаде услови за правдата. Има десетици луѓе, мора да бидат рамноправни, дури и за други поранешни министри и луѓе кои денес немаат мандат, има и огорченост што ја спомнавте, дури и денешните пратеници. Имате поранешни градоначалници, поранешни министри, градоначалници кои денес се на функција, само тоа можам да ви кажам, бидејќи тоа се односи донесени од обвинителството.“, изјави Салиањи, пренесе Топ Чанел.

КОЛУМНА

Коха: Помеѓу Џенин и Вилнус

„Случувањата во овие две недели од Џенин до Вилнус нè учат дека големите сили не ги обликуваат своите политички позиции од краткорочни морални појдовни точки, туку од долгорочни политички интереси. Колку што загубата на детски животи во Џенин или негирањето на датумот за членство на Украина во НАТО е неправедно, толку е неправедно и негирањето на целосниот суверенитет на Косово на север. Но, она што ја прави разликата помеѓу сериозните и несериозните држави е како тие реагираат во оваа средина.“, пишува авторот Демуш Шаља во колумната „Помеѓу Џенин и Вилнус“, објавена во Коха.

Д. Тахири  

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Зависна независност

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ