• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Притвор за двајцата осомничени за шпионажа во Косово; Во Тирана откриена измамничка шема со стипендии за студии во САД

June 7, 2024

Нова изборна постапка во рок од 60 дена од конечните резултати на локалните избори во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN

Трамп по самитот со Си во Јужна Кореја најави скоро потпишување на трговскиот договор со Кина

October 30, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп нареди продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје, за прв пат по повеќе од 30 години

October 30, 2025

Почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња: Во недела ќе се гласа во 32 општини и во Скопје, прегласување во една, а нови постапки во четири општини

October 30, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Победа на центристите над крајната десница на холандските избори – покажуваат излезните анкети

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Тетово: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија — Што значи тоа?

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Притвор за двајцата осомничени за шпионажа во Косово; Во Тирана откриена измамничка шема со стипендии за студии во САД

June 7, 2024 12:26
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот суд во Приштина во четвртокот им одреди едномесечен притвор на двајца мажи, кои беа уапсени ден претходно под сомнение за шпионажа со српската БИА, пренесуваат косовските медиуми.

Во Тирана е разбиена шема за измама со стипендии во САД. Се сомнева дека шемата ја поставил службеник за образование на локално ниво, дел од Генералната дирекција за предуниверзитетско образование во Министерството за образование, известуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РСЕ: Едномесечен притвор за двајцата осомничени за шпионажа

Основниот суд во Приштина во четвртокот им одреди едномесечен притвор на двајца мажи, кои беа уапсени ден претходно под сомнение за шпионажа, пренесува Радио Слободна Европа.

Во соопштението доцна во четвртокот судот соопшти дека судијата го прифатил барањето на обвинителот за определување притвор против обвинетите Б.Ш и М.Ќ, осомничени за шпионажа.

РТВ 21: Пратениците на Бундестагот го поддржија предлогот на германската влада за продолжување на мандатот на мисијата КФОР на Косово

Огромното мнозинство претставници во германскиот парламент, Бундестагот, се за продолжување на двете мисии на Бундесверот на Балканот. Покрај трипартиската владејачка коалиција (СПД, Зелените и Либералите), својата поддршка на предлогот на германската влада за продолжување на мандатот на мисијата КФОР во Косово во средата (5-ти јуни) дадоа и демохристијанските опозициски партии ЦДУ и ЦСУ. во читањето прво.

„Потребен ни е оперативно способен КФОР за да го намали тековниот потенцијал за конфликт и ескалација на северот на Косово и на границата со Србија“, рече претставникот на демохристијаните во Бундестагот, одговорен за одбранбена политика, Флоријан Хан (ЦСУ), пренесе РТВ 21.

Балкан Веб: Западните дипломати ја критикуваат владата на Косово за експропријација на земјиште во северниот дел на земјата

Амбасадите на Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство заедно со Канцеларијата на Европската Унија во Косово и Мисијата на Косово на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во четвртокот изразија жалење за одлуката на косовската влада да ги експроприра 100-те парцели во општините со српско мнозинство на север, пренесе Балкан Веб.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Со 73 гласа „за“, Собранието го изгласа составот на Специјалната комисија за антикорупција и дезинформација

Албанското собрание  го изгласа составот на Посебните комисии за „Антикорупциска“ со 73 гласа „за“, 7 против и 1 воздржан и Комисијата за „дезинформации“ со 73 гласа „за“ и 7 против и без воздржани.

Формирањето на комисиите  критичарите ги опишаа како партиска иницијатива, дизајнирана да се бори против негативниот публицитет за случаите на корупција во кои се вмешани поранешни политичари од владејачката партија, пренесува Топ Чанел.

Газета Експрес: Во Тирана откриена шемата за измама со стипендии за студии во САД

Во Тирана е разбиена шема за измама со стипендии во САД. Се сомнева дека шемата ја поставил службеник за образование на локално ниво, дел од Генералната дирекција за предуниверзитетско образование во Министерството за образование во соработка со друг граѓанин, пренесува Газета Експрес.

Станува збор за проект познат како „“Let’s Talk Together About US24“.

Шемата за измама најпрво ја осуди американската амбасада која преку соопштение за медиумите јасно стави до знаење дека проектот не е поврзан со Амбасадата,  и го вклучи алармот да ги информира граѓаните да внимаваат да не станат плен, „бидејќи оваа група не е поврзана „со Стејт департментот или американски образовни програми“.

КОЛУМНА

Коха: Косово самото одлучи да го отфрли нацртот на Заедницата пред да влезе во Советот на Европа

„Неверојатно е дека Владата на Косово навистина веруваше дека со писмо од МНР во последен момент може да ги премисли главните земји и да гласа за прием на Косово во Советот на Европа. Но, се чини дека по внимателни пресметки, Владата одлучи дека штетата од започнувањето на процедурата за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство ќе биде поголема од користа од членството во Советот на Европа.

Тоа беше пропуштена шанса која нема да се повтори наскоро. Но дали било грешка или не е прашање на толкувања и позиции. Одговорноста е на Владата, која исто така има мандат да одлучува како што смета најдобро.“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Косово самото одлучи да го отфрли нацртот на Заедницата пред да влезе во Советот на Европа“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ