• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српска листа се врати во косовското Собрание; Бериша – Мета, Рама и Алибеај во предизборен натпревар

April 6, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српска листа се врати во косовското Собрание; Бериша – Мета, Рама и Алибеај во предизборен натпревар

April 6, 2023 12:36
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По пет месеци отсуство, во косовското Собрание се вратија пратениците од Српска листа, а Специјалното обвинителство на Република Косово отвори означи случајот „Жури“ во кој се инволвирани 6 лица за перење пари.

Во продолжение е редакцискиот избор од денешните теми во албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Коха: Пратениците од Српска листа се вратија во косовското собрание

„Пратениците на Српската листа се вратија во Собранието на Косово, по пет месеци отсуство. Тие во четврток  (денеска)  седнаа во Собранието.

Нивното враќање беше проследено со дебата меѓу пратениците.“, пренесе косовскиот дневник Коха.

Бота Сот: Специјалното обвинителство  го означи случајот „Жури“ каде беа запленети над 1,5 милиони евра

“Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Република Косово, Блерим Исуфај, денеска го одржа следниот состанок со заедничкиот тим за избор и обележување на тешки кривични дела, на кој беше означен нов предмет со шифра „Жури“ во кој се инволвирани шест лица за кривичнo делo „Перење пари“.“, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.

АЛБАНИЈА

РТШ: „Конфронтациите на 14 мај“ – Бериша-Мета, Рама и Алибеај во „натпревар“, општините кои ќе се „чукаат“ глава со глава

„Формирани“ се поголем  дел од екипите кои ќе се соочат на „меч теренот“ што ќе се игра во Локалните избори на 14 мај.

Но, се чини дека бројот на играчи кои им се потребни на овие тимови и недостига на Демократската партија, која беше соочена со внатрешно протекување, а не можеше да го пополни вистинскиот број за да влезе во трката во сите општини во државата. Но, иако конфронтацијата меѓу политичките партии ќе има во 61 општина, во Тирана, Елбасан и Драч се очекува битката да биде потешка меѓу кандидатите.“, коментираат од албанската РТШ за предизборната кампања за претстојните локални  избори во Албанија.

Панорама: Владата го призна неуспехот со контролата на обложувалниците,  досега се играше на црно, со новиот закон обложувањето ќе биде само онлајн

„Албанската влада официјално го враќа онлајн обложувањето во Албанија со објавување на новиот предлог закон за коцкање на јавна консултација. Објавениот предлог-закон предвидува посилни критериуми за организаторите на игри на среќа и бруто данок од 15 отсто кој според објавениот предлог закон ќе се префрли на сметката на Посебниот фонд.“, пренесе албанскиот дневник Панорама.

Јава Њуз: Албанија ги држи вратите отворени за пријателите,  ги продолжува дозволите за престој за Авганистанците и Украинците

„Авганистанските и украинските граѓани, кои ја напуштија татковината поради војната, се уште имаат отворени врати во Албанија. Со одлука на Министерскиот совет денеска е донесена одлука за продолжување на дозволата за престој на Авганистанците за уште 6 месеци, до август 2023 година.

За Украинците, чија земја се уште е под воена треска, владата одлучи да ја продолжи  дозволата за престој до 17 септември 2023 година.“, пренесе албанскиот портал Јава Њуз.

КОЛУМНА

Газета Тема: Јакуп сме сите ние

„Општество кое ги потценува ризиците, кое ги третира ноншалантно, општество кое не го разјаснува својот однос со вистината (дури и кога е горчливо), порано или подоцна ќе се сопне.

Следната трагедија  чека зад соседната врата, ако не се извлечат поуки од искуството во изминатите 25 години и од овој процес.

Првата и најважна лекција е функционирањето во рамки и основна институционална култура.“, извадок од написот на авторот Енвер Робели, објавен во косовскиот медиум Газета Тема.

Д. Тахири 

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ