• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Трепча бара враќање на недвижнините; Кушнер ја откажа посетата на Косово; Белери од затвор на телеконференција со Мицотакис

June 11, 2024

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Трепча бара враќање на недвижнините; Кушнер ја откажа посетата на Косово; Белери од затвор на телеконференција со Мицотакис

June 11, 2024 13:16
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Раководството на „Трепча  АД“ упати јавно барање до сите правни и физички лица, граѓански организации и други субјекти кои, според нив, во моментов ги користат недвижните имоти на компанијата, во рок од 30 дена, до 10 јули, да се обратат до канцелариите за управување во Индустрискиот парк во Митровица, пренесуваат албанските медиуми.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска во својот кабинет се сретна со европратениците кои ќе ја претставуваат Нова демократија во Европскиот парламент, а Фреди Белери, кој се наоѓа во затворот во Фиер, учествуваше  преку телеконференција.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Дукаѓини: „Трепча“ бара враќање на имотите, дава рок од 30 дена

Како што се наведува во соопштението, раководството на „Трепча  АД“ упати јавно барање до сите правни и физички лица, граѓански организации и други субјекти кои, според нив, во моментов ги користат недвижните имоти на компанијата, во рок од 30 дена, до 10 јули, да се обратат до канцелариите за управување во Индустрискиот парк. во Митровица.

Овие имоти, како што се наведува во соопштението, ќе ги врати во употреба  Трепча, каде што дел од нив ќе се издаваат под закуп, а дел ќе се користат за развој на нови капацитети, пренесува косовскиот портал Дукаѓини.

Инфокус: Бернар  Кушнер ја откажа посетата на Косово за 25-годишнината од ослободувањето

Високиот претставник на ОН, Бернар Кушнер, а воедно и поранешен француски министер за надворешни работи, ја откажа посетата на Косово.

Во известувањето испратено од Амбасадата на Франција во Косово, се вели дека тоа се случило поради логистички проблеми поврзани со Кушнер.

„Ве информираме дека посетата на поранешниот француски министер за надворешни работи и висок претставник на ОН, Бернар Кушнер на Косово, за жал мораше да биде откажана поради логистички проблеми поврзани со патувањето на д-р Кушнер“, изјави Неџми од француската амбасада, пренесе Инфокус.

Панорама: Самит „Западен Балкан 2024“ – Курти: Нашиот проблем е со Белград, а не со косовските Срби

Говорејќи на самитот „Западен Балкан 2024“, во вторникот во Приштина, косовскиот премиер Албин Курти рече дека интеграцијата на косовските Срби во институциите на земјата е основно прашање за него.

„Проблемот што го имаме нема врска со Србите. Имаме проблем со Белград, кој не се огради ниту од Милошевиќ од минатото, ниту од Путин од сегашноста“, рече Курти, мислејќи на поранешниот југословенски претседател и актуелниот руски претседател, пренесува Панорама.

АЛБАНИЈА

НОА: Мицотакис ги собра победничките европратеници во канцеларија, Фреди Белери се приклучи „онлајн“ од затворот во Фиер

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска во својот кабинет се сретна со европратениците кои ќе ја претставуваат Нова демократија во Европскиот парламент. Петмина од нив беа присутни, додека други двајца, меѓу кои и Фреди Белери, кој се наоѓа во затворот во Фиер, учествуваа преку телеконференција.

На средбата учествуваа и државниот министер Акис Скертос, заменик министерката за надворешни работи Александра Пападопулу и секретарот за меѓународни односи и Европска унија Тасос Хаџивасилиу, пренесе НОА.

КОЛУМНА

Коха: 21 година, едно ветување – во кое во 2024 година речиси никој на Балканот не верува

„На 21 јуни 2003 година (!) Европската Унија им вети членство на балканските земји. Со исклучок на приемот на Хрватска, оттогаш навистина ништо не се случило во однос на евроинтеграциите. Ветувањето од пред две децении се претвори во празни зборови. Време е отворено да се каже дека во ЕУ нема подготвеност за интеграција на балканските земји.

Останува само ветувањето на Порто Карас за интеграција и членство на балканските земји во Европската Унија. Хотелот Порто Карас, дизајниран од познатиот германски архитект Валтер Гропиус, сè уште ги пречекува туристите, но веќе ги смени рацете: во 2020 година го купи руско-грчкиот претприемач Иван Игнатјевиќ Савиди.

Помоќен симбол на празнината на ветувањето на ЕУ за балканските земји тешко може да се најде: хотелот во кој беше дадено ветувањето сега е во рацете на руски инвеститор.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „21 година, едно ветување – во кое во 2024 година речиси никој на Балканот не верува“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ