• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ванѓел Таво победи на изборите во Химара; На шест илјади гласачи не им било дозволено да гласаат; Курти со делегација во Скопје

August 5, 2024
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ванѓел Таво победи на изборите во Химара; На шест илјади гласачи не им било дозволено да гласаат; Курти со делегација во Скопје

August 5, 2024 11:36
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашните избори во Химара, според ЦИК на Албанија, победи кандидатот на Социјалистичката партија, со над 1400 гласови повеќе од противкандидатот Ѓикурија.

Но, од опозицијата реагираат дека на 6000 гласачи не можеле да гласаат поради истечени лични карти. Комисијата за време на претходните избори им дозволи на лицата со застарени лични карти да гласаат по барање на некои политички партии и со одлука на Владата. Годинава вакво барање не е поднесено, според  првиот човек на ЦИК, Илирјан Челибаши, пренесоа албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

РСЕ: Ванѓел Таво победи на изборите во Химара

Кандидатот на Социјалистичката партија Ванѓел Таво победи на изборите за градоначалник на Химара. На изборите одржани во неделата на 4 август тој освои над 1.400 гласови повеќе од неговиот противкандидат Петро Ѓикурија, пренесе Радио слободна Европа.

Централната изборна комисија соопшти дека процесот на пребројување на гласовите се одвива непречено и прелиминарниот резултат покажува дека Таво добил 58 отсто од гласовите, додека неговиот ривал Ѓикурија 41 отсто.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, кој некогаш е претседател на Социјалистичката партија, му честиташе на Таво за победата и рече дека Химара ќе стане една од „најбараните дестинации во Медитеранот“. Тој ги покани и Албанците кои работат во туристичката индустрија во Грција да се вратат, како што рече, за подобри плати и незаменлив воздух.

ЦИК вечерта на 4 август соопшти дека гласачкиот процес се одвива непречено, со учество на 36,9 отсто од гласачкото тело.

Ора Њуз – „Вашингтон пост“: На  6 илјади гласачи не им беше дозволено да гласаат во Химара

Големите светски  медиуми известуваат за изборите одржани вчера во Химара.

Американскиот весник „Вашингтон пост“ пишува дека изборите се одржале по заминувањето на Фреди Белери, случај што ги разгоре тензиите со Грција.

Во Химаре, 220 километри југозападно од главниот град Тирана се одржаа предвремени избори, откако на претходниот градоначалник Фреди Белери му беше одземена титулата, осуден и затворен поради обвинение за купување гласови. Тој и соседна Грција тврдат дека неговата казна е политички мотивирана. „Албанските власти силно се спротивставуваат на овие тврдења, повикувајќи се на независноста на судството“, пишува весникот.

„Опозицијата се пожали дека околу 6.000 луѓе не можеле да гласаат поради истечени лични карти. Комисијата за време на претходните избори им дозволи на лицата со застарени лични карти да гласаат по барање на некои политички партии и со одлука на Владата. Годинава вакво барање не е поднесено, вели првиот човек на ЦИК, Илирјан Челибаши“, пишува Вашингтон Пост, пренесува Ора Њуз.

КОСОВО

Репортери: Курти во Скопје на средба со Мицкоски, придружуван од министрите Гервала, Хаџиу и Алиу

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти.

На средбата Курти беше придружуван од министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала, министерката за правда Албулена Хаџиу и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура Либурн Алиу.

Од Владата на Косово за онлајн весникот „Репортери.нет“ ја потврдија средбата на Курти со Мицкоски.

„Премиерот Курти, придружуван од министри од владиниот кабинет, в понеделник ќе престојува во работна посета на Северна Македонија. Ќе има билатерална средба со премиерот на Северна Македонија, со кого ќе разговараат за билатералните односи, регионалната соработка и инфраструктурните проекти од интерес за двете држави“, изјави портпаролот Перпарим Круезиу.

Газета Експрес: Меѓународниот притисок е  единствен начин за предавање на Радоичиќ на Косово

Меѓународниот притисок врз Србија се смета за единствен начин да се овозможи предавање на терористот Милан Радоичиќ на Косово.

Тоа е затоа што високи српски функционери продолжуваат да ја негираат можноста да го предадат на косовските институции за да ја дадат одговорноста за терористичкиот напад во Бањска. Секој ден што го поминува во слобода се смета за опасен за суверенитетот на Косово, пренесува Газета Експрес.

Вицепремиерот на Србија, Ивица Дачиќ, ја нарече невозможна екстрадицијата на Милан Радоичиќ на Косово.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Пописот, и зошто гласањето повеќе не важи?!

„За да бидеме свесни за што, на ова прашање би одговорил оптимист на ситуацијата во Албанија! Дека си оди работната сила, дека е сменета структурата на општествените слоеви, дека побарувачката за техничари е зголемена и не се наоѓаат, за идни пензии, за потрошувачи кои се намалуваат, за многу работи…но тоа останува неодговорено.

ИНСТАТ ја „олесни“ работата, бидејќи во најголем дел статистичките податоци не беа објавени споредливи со Пописот од 2011 година, што го отежнува толкувањето на бројките (Монитор, 2024).“, пишува Авторот Бен Андони во колумната „ Пописот, и зошто гласањето повеќе не важи?!“, објавена во албанскиот дневник Јава Њуз.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ