• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ветевендосје обезбеди 80 отсто гласови од дијаспората; ЦИК, СПАК и Обвинителството со заеднички протокол против изборниот криминал; Да се внимава што прави, а не што зборува Трамп

February 28, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ветевендосје обезбеди 80 отсто гласови од дијаспората; ЦИК, СПАК и Обвинителството со заеднички протокол против изборниот криминал; Да се внимава што прави, а не што зборува Трамп

February 28, 2025 12:37
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според последното ажурирање утрото на 28 февруари, од 93,02 отсто преброени гласови, Движењето Ветевендосје води со 80,75 отсто или 10.898 гласови, пренесоа косовските медиуми.

Во Албанија, во просториите на Централната изборна комисија во, главниот обвинител, Олсијан Чела, првиот човек на СПАК, Алтин Думани и државниот изборен комесар Илирјан Целибаши, го потпишаа Протоколот за координација и соработка меѓу Основното обвинителство, Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал и Централната комисија за избор на СПАК.

Во продолжение се поместени содржините од  денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Балкан веб: Избори во Косово/ Ветевендосје обезбеди  над 80 отсто гласови од дијаспората

Централната изборна комисија продолжува да објавува нови податоци во врска со пребројувањето на гласовите од дипломатските претставништва.

Според последното ажурирање утрото на 28 февруари, од 93,02 отсто преброени гласови, Движењето Ветевендосје води со 80,75 отсто или 10.898 гласови, пренесе Балкан веб.

На 26 февруари попладнето почна пребројувањето на гласовите од дијаспората за редовните парламентарни избори на 9 февруари.

Косово за прв пат организираше физичко гласање на припадниците на дијаспората во дипломатските претставништва на земјата во светот.

Изборите на 8 февруари се одржаа во 43 избирачки места во 16 амбасади и 14 конзулати на Косово, во 19 различни земји во светот.

ТВ 21: Како ќе бидат претставени малцинствата во Собранието на Косово?

Претставувањето на заедниците во Собранието на Косово се одвива во рамките на загарантирани пратенички места. Заедницата со најмногу пратеници е српската со 10 мандати. Во највисокото законодавно тело, на заедниците на Ромите, Ашкалиите и Египќаните им се гарантира по едно место, а едно (1) дополнително место добива една од овие три заедници која има најголем број на вкупни гласови. Во меѓувреме, босанската заедница има загарантирани три места, турската заедница две места и Горанската заедница едно место.

Распределбата на пратеничките места во Собранието на Косово е предвидена според Законот за општи избори во Република Косово, поточно според член 111.1.

Во досегашните резултати Српска Листа  има обезбедено девет места во Собранието на Косово со над 38.000 гласови.

По неа се партиите на египќанската заедница, Нова демократска иницијатива на Косово со над 4.000 гласови и Египќанската а либерална партија со над 2.400 гласа, каде се обезбедени два мандати.

Босанската заедница обезбеди три пратенички места, каде „Нова демократска странка“ доби 3599 гласа, „Коалиција вакат“ 3255 гласа и „Социјалдемократска унија“ гласаа 2531 граѓанин.

Две пратенички места обезбеди „Kosova Demokratik Türk Partisi“ од турската заедница, која собра 4699 гласови.

Ромската заедница ќе ја претставува Обединетата ромска партија на Косово, која има 1261 глас.

Партијата на Ашкалиите за интеграција има обезбедено мандат со 1821 глас, а „Јединство Горанска партија“ со 1673 гласа, пренесе ТВ 21.

АЛБАНИЈА

РТШ: ЦИК, СПАК и Обвинителството со заеднички протокол против изборниот криминал

Во просториите на Централната изборна комисија во Албанија, главниот обвинител, Олсијан Чела, првиот човек на СПАК, Алтин Думани и државниот изборен комесар Илирјан Целибаши, го потпишаа Протоколот за координација и соработка меѓу Основното обвинителство, Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал и Централната комисија за избор на СПАК, пренесе РТШ.

Овој протокол има за цел да го гарантира интегритетот на изборниот процес за изборите за Собранието на Албанија 2025 година и обезбедува координирани мерки за спречување, идентификување и гонење на кривични дела поврзани со изборите.

Протоколот има за цел да ја зајакне соработката меѓу институциите за да обезбеди брза и ефикасна размена на информации меѓу институциите одговорни за гонење на изборен криминал. Во овој контекст, заедничката заложба на партиите потписнички ќе овозможи ефективна координација на истражните дејствија, создавање стабилни механизми за следење и правно следење на секој случај кој го нарушува изборниот процес.

Опинион – ЕУ: Создавањето на СПАК и реформите во правосудството се камен темелник за членството на Албанија во Европската унија

Делегацијата на ЕУ во Албанија во реакција на социјалните мрежи истакна дека реформата во правдата и создавањето на СПАК е камен-темелник за членството на Албанија во ЕУ.

Евроамбасадорот Силвио Гонзато рече дека има уште работа и покрај позитивните резултати што се постигнати и дека се уверени дека ќе се постигне правична рамнотежа меѓу одговорноста и независноста, пренесе Опинион.

„Иако тоа веќе донесе многу позитивни резултати, има уште работа за да се види целосната и правилна имплементација на реформата. Но, едно е сигурно: нашето верување дека системот што е создаден како резултат на реформата може да постигне правичен баланс помеѓу одговорноста и независноста.

Овие два принципи се во сржта на секое демократско општество, во кое обвинителството ослободено од непотребно влијание, било да е политичко, институционално или социјално, е усогласено со ефективни механизми на одговорност. ЕУ ќе продолжи да ја оценува потребата и препораките за подобрувања во однос на методите, стандардите и процедурите“, изјави Гонзато.

Колумна

Коха: „Совети за игнорирање на вревата“

„Евентуалниот пад на Украина е закана за целата европска безбедност. Ова е нешто што САД не можат да го дозволат. Европа е главниот сојузник на САД во секоја можна смисла. Евентуалниот триумф на Русија и заканата за европската безбедност не можат да останат локален настан. Тоа ќе ги загрози американските интереси низ целиот свет – од Јужна Америка до Пацификот.

Наспроти ова, опциите пред претседателот Трамп се ограничени. Тој ќе продолжи да ја поддржува Украина, бидејќи тој курс е диктиран од структурни и безлични сили кои се детерминирани од клучните американски национални интереси.

Секако, сето ова време ќе бидеме изненадени од изјавите на Трамп, бидејќи Трамп дефинитивно ќе биде Трамп. Но, на сета оваа позадина мора да се одвои секојдневната врева наменета за домашната публика од долгорочните американски интереси. Со други зборови, овие денови корисен совет е да се внимава на тоа што прави Трамп, а не што вели Трамп.“ пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Совети за игнорирање на вревата“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ