• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија официјално започна предизборната кампања; Граѓаните во Косово протестираат против поскапувањето на струјата; Управниот одбор на косовската РКЕ не открива колкаво е поскапувањето- се судри со новинарите

April 11, 2025
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија официјално започна предизборната кампања; Граѓаните во Косово протестираат против поскапувањето на струјата; Управниот одбор на косовската РКЕ не открива колкаво е поскапувањето- се судри со новинарите

April 11, 2025 13:40
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија денеска официјално започна предизборната кампања за парламентарните избори што се закажани за 11 мај- актуелниот премиер Еди Рама бара четврт мандат, а Сали Бериша бара да се врати на власт по 12 години, пишуваат албанските медиуми.

Во Косово поскапи  електричната енергија, а се шпекулира дека покачувањето е 16%, за што денеска граѓани во Приштина протестираа под мотото „Ниту цент повеќе“. Поради нетранспарентноста на Регулаторната комисија за енергија во однос на поскапувањето, денеска новинарите се судрија со членовите на одборот на РКЕ, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Јава њуз: Во Албанија денеска официјално започнува изборната кампања, Рама бара четврти мандат, Бериша бара власт по 12 години

Денеска официјално започнува изборната кампања за парламентарните избори на 11 мај, со што се отвора напорен месец на состаноци, митинзи и конфронтации меѓу партиите кои се борат за власт.

Демократската партија и коалицијата „Алијанса за голема Албанија“ први ја отворија кампањата со голем митинг на плоштадот „Мајка Тереза“, каде што се гради главната бина. Централна фигура на оваа кампања ќе биде Крис Лацивита, американски политички стратег од кој се очекува тесно да ја води оваа трка за ДП.

Во меѓувреме, за разлика од другите времиња, Социјалистичката партија денеска одржува средби во сите 12 окрузи со жени, категорија која Социјалистичката партија ја смета за основа на изборната поддршка, но и важен дел од застапеноста во политиката. Официјалната кампања на СП се отвора на 12 април во 12:00 часот, како симбол на 12-те ѕвезди на Европската Унија, дестинација која социјалистите ја ставаат во центарот на својата програма со слоганот: „Албанија 2030 во ЕУ“, пренесе Јава њуз.

Еуроњуз: Досие „Грдец“- поранешниот министер Фатмир Медиу пред Кривичниот суд

Поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу денеска се појави во ЃККО каде ќе се одржи следното рочиште за досието Грдец, пренесе Еуроњуз.

Медиу  е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување во соработка со воениот команден персонал, во врска со трагедијата во Грдец, каде од експлозијата на работилницата за демонтирање оружје загинаа 26, а стотици беа повредени.

КОСОВО

Газета експрес: Почна  протестот на на граѓаните, под мотото „Ни цент повеќе“ против поскапувањето на струјата

Набргу по состанокот на Регулаторната канцеларија за енергетика на кој беше одобрен предлогот за поскапување на струјата, во Приштина започна протестот најавен од иницијативата „Ни цент повеќе“.

Група  граѓани со транспаренти во рацете се собраа на плоштадот „Захир Пајазити“ во Приштина.

„Стоп за кражбата на тарифите“, „Нашата сметка, вашето богатство“, „Не плаќаме за вашите неуспеси“, „Граѓаните не се банкомати“, беа дел од транспарентите што граѓаните ги држат во рацете.

Во меѓувреме, додека од РКЕ не наведоа точен процент на зголемување, Радио Слободна Европа со внатрешни извори објави дека зголемувањето ќе биде до 16 проценти, пренесува Газета Експрес.

Од ЕРО соопштија дека во наредните денови ќе го објават процентот на поскапување на струјата.

Репортери: Судири меѓу новинарите  и членовите на управната комисија на РКЕ, не откриваат колку поскапела струјата

Новинарите и членовите на Управниот одбор на РКЕ се судрија на денешната седница на која беа одобрени максимално дозволените приходи за ОСТ/МО, ОССХ и ФСХУ.

Тие побараа од новинарите да ја ослободат просторијата за да продолжи средбата, без да наведат за колку проценти поскапела струјата, пренесе Репортери.

„Додека не ни го дадете одговорот, нема да ја ослободиме просторијата“, рече еден од  новинарите.

„Одговорот го добивте меѓу извештаите кои се јавни“, изјави претседателот на ЕРО, Имер Фејзулаху.

Тој рече дека подоцна ќе излезат со соопштение.

Управниот директор во РКЕ, Петрит Пепај, рече дека добиле 396 коментари од граѓаните.

„Граѓаните генерално го изразија своето противење… поради економските тешкотии, инфлацијата и нивните приходи“, изјави Пепај.

КОЛУМНА

Коха: „Кој ќе биде новиот министер за надворешни работи на Германија?“

„Кој ќе биде новиот министер за надворешни работи на Германија? Две имиња во моментов се споменуваат од германските медиуми: Армин Лашет и Јохан Вадефул, двајцата ветерани политичари на ЦДУ.

Прво, неколку информации за Армин Лашет. Тој е познат по неговите позитивни ставови кон Косово. Пред неколку години, кога германскиот политички провокатор Тило Саразин напиша дека Турците ја напаѓаат Германија со висок наталитет како Косовците во Косово, Лашет веднаш реагираше.

Во интервју за магазинот „Штерн“, Лашет рече: „Историјата на Косово е малку посложена. Ова (што вели Саразин) е размислување на диктаторот Милошевиќ, кој на тој начин ја оправда својата агресивна српска политика. Лашет, исто така, ја бранеше интервенцијата на НАТО во Косово.

Во интервју за германското јавно радио, тој рече: „Во конфликтот во Косово, Советот за безбедност на ОН не беше способен да донесе одлука, а сепак беше преземена акција“. Лашет го одликуваше граѓанинот Харалд Меурер за основањето на организација која собра пари за жртвите од војната во Косово во 1999 година. Лашет неодамна ја придружуваше германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок на посетата на Сирија.“, пишува Авторот Енвер Робели во колумната „Кој ќе биде новиот министер за надворешни работи на Германија“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ