• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Започна редуцирањето на 25 отсто полициско присуство на северот на Косово; СПАК и забрани влез во земјата на муџахединската лидерка Раџави; пристаништето во Драч во концесиски вител

August 4, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Започна редуцирањето на 25 отсто полициско присуство на северот на Косово; СПАК и забрани влез во земјата на муџахединската лидерка Раџави; пристаништето во Драч во концесиски вител

August 4, 2023 11:17
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска започнува процесот на редуцирање на присуството на косовската полиција за 25 отсто во и околу општинските објекти на северот на Косово, како последица од заедничката проценка на косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР, известуваат косовските медиуми. Во Албанија , СПАК и СПАК и забрани влез во земјата  на муџахединската  лидерка Раџави.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Бота Сот: Од денеска намалување на 25 отсто од полициско присуство на север

„Од денеска почнува намалувањето на присуството на косовската полиција за 25 отсто во и околу општинските објекти на северот на Косово, како последица од заедничката проценка на косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР.

Косовската полиција соопшти дека во пресрет на остварувањето на своите уставни и законски должности и овластувања во интерес на јавната безбедност во земјата, како и со цел спроведување на договорите постигнати во Братислава на 10 јули 2023 година, во средината на Унијата Европската Унија и Република Косово, токму вториот чекор од овој договор, во оваа прилика се одржа работна средба помеѓу косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР за проценка на безбедносната состојба во и околу општинските згради на северните општини.“, пренесува Бота Сот.

Инфокус: Розета Хајдари поднесе тужба по објавувањето на аудио снимките за пченицата

Министерката за индустрија Розета Хајдари поднесе тужба до судот против новинарот Берат Бужала и функционерот на МИНТ, Енвер Хајрулаху.

Таа рече дека тужбите ги поднела за клевета и „оштетување на јавното мислење“.

„Континуираните напади, клевети, навреди и невистини, не смееме да дозволиме да станат нешто обично, бидејќи штетата што е направена врз јавното мислење, нашето општество може да биде извонредна. Неуспешните обиди да го нарушам мојот интегритет и достоинство, преку некои аудио-снимки, но и давајќи си право на клевета, со уцени и ширење лажни информации, ќе добијат епилог во органите на правдата. Затоа денеска за оваа цел поднесов тужба до Основниот суд во Приштина против Газета Национале, новинарот Берат Бужала и функционерот на MINT, Енвер Хајрулаху“, напиша таа, пренесе Инфокус.

АЛБАНИЈА

Газета Шќип: Муџахедините  кон заминување од Албанија? СПАК и забрани влез во земјата  на лидерката  Раџави

„Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал издаде наредба со која се забранува влез на лидерката на муџахедините Мерјам Раџави во Албанија.

Оваа одлука доаѓа по покрената истрага против оваа група и извршените проверки во кампот Манца, каде што се засолнети. Раџави е во Франција, во друг камп каде се сместени муџахедините.“, пренесува Газета Шќип.

Балкан Веб – Судир  на „ЕМС“ за пристаништето во Драч, германската амбасада за „Њуз24“: Во интерес на двете земји е нашите компании да инвестираат во Албанија!

„Германската амбасада во реакција за News24 соопшти дека будно ги следи случувањата околу концесијата на германската компанија ЕМС во пристаништето во Драч. Тие наведуваат дека не можат да коментираат за постапките кои се во тек.

„Во интерес на нашите две земји е германските компании и другите меѓународни компании да најдат атрактивна средина за инвестиции во Албанија. За ова суштински се вистинските и законски услови“, се вели во реакцијата од Амбасадата.“, пренесува Балкан Веб.

Панорама: Истражување/ Чинат 1,2 милиони евра, камерите за мониторинг на  шумите се продаваат за стари

„Седум години откако беше воспоставен национален систем за камери за следење на шверцот во шумите, мониторинг кулите, кои чинат 1,2 милиони евра, беа украдени и продадени за отпад. По спојувањето на Инспекторатот кој раководеше со нив, Министерството за животна средина „заборави“ да ги префрли овие средства на Националната агенција за шумарство.“, пренесува Панорама.

КОЛУМНА

Лајм: Нашата Македонија не е како таа во која живеат функционерите Албанци!

„Нашата Македонија не е како онаа во која живеат албанските функционери, кои не чекаат на семафори или кога ќе ја поминат границата.

Нашата Македонија е местото каде што чекате со часови за да ги поминете албанско-албанските граници, како онаа на Блаце.

Нашата Македонија е местото каде што неколку километри откако ќе ја поминете границата Блаце, треба да чекате ред за да го поминете тунелот покрај патот што води кон Скопје.“, пишува авторот Ким Мехмети, пренесува Лајм.

Д. Тахири 

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ