• Latest
Џабир Дерала, Изборен рапорт, 26 окт. 2021 (фото: А. Петровски/ЦИВИЛ)

ИЗБОРЕН РАПОРТ #26: Зголемен изборниот крвен притисок, „пеглање на разликите“ со тупаници, црната кампања продолжува

October 26, 2021

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИЗБОРЕН РАПОРТ #26: Зголемен изборниот крвен притисок, „пеглање на разликите“ со тупаници, црната кампања продолжува

October 26, 2021 16:10
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Џабир Дерала, Изборен рапорт, 26 окт. 2021 (фото: А. Петровски/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, Изборен рапорт, 26 окт. 2021 (фото: А. Петровски/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Изборниот крвен притисок е зголемен, а средствата со кои се служат дел од политичките маратонци на јавноста ѝ се познати со децении. Тие се „само малку“ поинтензивни во деновите меѓу двата изборни круга. Манипулациите и дезинформациите, заканите и говорот на омразата со години се толку интензивни што станаа норма, секојдневие, основна состојка на воздухот што го дишеме.

„Пеглање на разликите“ со тупаници

Односот на милитантите на дел од политичките партии е алармантен. Мониторингот на ЦИВИЛ бележи неколку инциденти во текот на изминатите неколку дена.

КУМАНОВО Боксерската пресметка во саботата на 23 октомври меѓу идните членови на Советот на општина Куманово покажува дека дел од политичките актери не се воздржуваат меѓусебните разлики да ги „пеглаат“ со тупаници. Случајот заврши во полициска станица и во медиумите.

ВАСИЛЕВО Според сведочењето на активисти и членови на СДСМ од Василево, се случил инцидент и во неделата, на 24 октомври. Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Славе Андонов и неговите сопартијци се обиделе да ги попречат, а потоа и физички ги нападнале активистите на СДСМ додека биле во кампања од врата на врата. Мониторингот на ЦИВИЛ јавува дека случајот е пријавен в полиција.

ВЕВЧАНИ Понатаму, мониторингот на ЦИВИЛ го бележи и случајот со притисоци и закани во Вевчани, вечерта, на 24 октомври. Според бројните сведоштва, луѓе од обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, легитимираа, фотографираа лични карти и им се закануваа на дел од присутните граѓани на партискиот митинг во Вевчани. И овој случај е пријавен в полиција.

Непотребно е да се нагласи дека тоа се противзаконски дејствија со кои се врши притисок и се влева страв кај гласачите.

Сè пожестоко темпо на црната кампања

Црната кампања со дезинформации и говор на омразата продолжува секој ден со сè пожестоко темпо. Се бележат бројни медиумски содржини, а уште повеќе содржини, пораки и коментари со ужасен говор на омразата и повици за насилство упатени кон политичките противници, но и против граѓанските организации, активисти и новинари.

Иако оваа година ќе биде запаметена по мултиетничкото предизборно коалицирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците и Алтернатива, со што националистичката реторика изостанува од јавната сцена, етнички базираниот говор на омразата остана силно присутен во јавната комуникација, особено на социјалните мрежи. Анализите покажуваат дека говорот на омразата на етничка основа доаѓа од истите структури и мрежи како и порано.

Таргет: ЦИВИЛ

Повторно, мета на потценувачки и родово базиран говор на омразата се бележи и против малубројните жени во изборната трка за локалната власт. Без оглед на тоа од која партија доаѓаат или се независни кандидатки, тие се мета на говор на омразата на социјалните мрежи, како во организирани онлајн хајки, така и во изолирани напади на социјалните мрежи.

Мониторингот на ЦИВИЛ бележи говор на омразата и обиди за дискредитација и против кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Во овој контекст, важно е да се забележи дека едно е да се води кампања во која се разобличуваат лагите на политичките противници, но сосема друго е да се дискредитираат политичките противници со говор на омразата и дискредитации.

Текстови со навредлива содржина, дискредитации и дезинформации се објавуваат и на сметка на ЦИВИЛ, организација која го набљудува изборниот процес според највисоките професионални и етички стандарди. Говорот на омразата и дискредитациите, а неретко и повиците за насилство против ЦИВИЛ на социјалните мрежи не стивнува.

Целта на овие напади во јавната комуникација е јасна: дискредитација на организацијата и на нејзините наоди, извештаи, анализи и препораки.

За среќа, може да се забележи дека црната кампања против ЦИВИЛ не дава резултати, бидејќи организацијата и нејзините набљудувачи уживаат голема доверба во јавноста и кај граѓанките и граѓаните. Тоа може да се заклучи, меѓу другото, и од бројните пораки и телефонски повици кои ги добива организацијата во текот на целиот изборен процес.

Граѓанска пријава

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ги архивира сите случаи на дезинформации и говор на омразата. Посебните случаи се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Голем дел од архивата се полни и со пријавите од граѓанките и граѓаните кои ја пополнуваат Граѓанската пријава која е лесно достапна на интернет порталот www.civilmedia.mk.

Рано предупредување: Злоупотреба на оружјето

ЦИВИЛ очекува дека, како и во претходните изборни процеси, ќе има случаи на злоупотреба на оружјето во славенички цели, по затворањето на избирачките места, а особено по објавувањето на првите изборни резултати. Оттаму, организацијата ги потсетува сите што поседуваат оружје, да не го користат за славенички цели, бидејќи тоа е строго забрането според законот. Исто така, употребата на распрскувачки материјали без најава и без почитување на професионалните стандарди, може да доведе до несакани последици, како и паника меѓу луѓето.

ЦИВИЛ го повтори повикот: Не подлегнувајте на дезинформациите и говорот на омразата

ЦИВИЛ апелира до граѓанките и граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации и говорот на омраза кои ги шират одредени медиуми и пропагандни центри. Секоја информација треба да се провери и спореди со официјалните информации од институциите. Потребно е луѓето да се информираат од потврдени и релевантни медиумски извори. Шпекулациите, митовите и теориите на заговорот не служат за информирање, туку за манипулации.

Џабир Дерала во соработка со Мониторинг тим на ЦИВИЛ
Камера: Атанас Петровски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ