• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Збунети кандидати; животната средина, за Македонија и за Македонците; иницијативи за правото на глас и граѓанското учество на избори

April 11, 2024
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Збунети кандидати; животната средина, за Македонија и за Македонците; иницијативи за правото на глас и граѓанското учество на избори

April 11, 2024 15:43
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата на кандидатите за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април, влегува во втората седмица. Кандидатите продолжуваат со претставување на своите програми, со потсетувања на минати изборни процеси и политики водени од опонентите или партиите кои ги поддржуваат, на собири низ различни општини во земјата.

Пендаровски: Кандидатката на Мицкоски за претседател, не си ја знае земјата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски поддржан од Коалицијата предводена од СДСМ вчера на митинг во Кавадарци му порача на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  да набави џи-пи-ес за нивната  кандидатка за претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Стево Пендаровски, претседателски кандидат

– Кандидатката на Мицкоски за претседател, не си ја знае земјата. Да не ве враќам на сцени од пред пет години, изјави Пендаровски, алудирајќи на настанот од претходните избори, кога таа го згреши името на градот, обраќајќи се пред присутни граѓани на Тиквешијата, во рамки на тогашната изборна кампања“, порача вчера на митинг во Кавадарци претседателскиот кандидат Стево Пендаровски поддржан од Коалицијата предводена од СДСМ.

Силјановска Давкова: Ќе слезам меѓу вас, преку народни канцеларии како што направи Ѓорге Иванов

„Прво, ќе слезам меѓу вас. Како преку народните канцеларии. Ќе ги вратам назад. Мислам дека претседателот Ѓорге Иванов добро направи кога отвори народни канцеларии. И јас во иднина можеби најпрво исто така ќе ги повикам бившите претседатели да ги чујам.

Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседателка

Ќе иницирам континуирана соработка со претседателите во регионот. Ние можеме да имаме регионален пристап во било кој начин на каков бил начин Отворен Балкан, економија, соработка , раст итн.  И да си ветиме дека ќе ги помагаме оние зад нас, а нема да ги блокираме со вето“ рече  кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова на вчерашниот митинг во Струмица.

Османи: Економскиот раст не смее  да биде на сметка на животната средина и идните генерации

Кандидатот за претседател од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, Бујар Османи, денеска на прес конференција најави основање на борд за валидација, составен од домашни и меѓународни експерти, кој ќе врши ветинг на сите проекти и закони за заштита на животната средина и ќе гарантира дека сите закони се одржливи.

Бујар Османи, кандидат за претседател

„Овој борд ќе гарантира дека нема да потпишам ниту еден закон што е штетен за животната средина. Не смее економскиот раст да биде на сметка на животната средина и идните генерации. Мора да оставиме не само европска и економска, туку и зелена и одржлива држава“, порача Османи.

Ванковска: Ние се бориме за себе, за Македонија, за Македонците

Билјана Ванковска, кандидатка на Левица, на средба со граѓаните во Долно Лисиче ја промовираше  претседателската програма. И пред граѓаните на Лисиче ја истакна цврстата определба за раскинување на трите договори кои според неа,  не и донесоа ништо добро на Македонија, како и за носење на нов Устав.

Билјана Ванковска, кандидатка за претседателка

„Да не бидеме потстанари во сопствената татковина. Да си ја вратиме Македонија. Со сите поделби што ни ги направија ние станавме потстанари во сопствената држава. Ние се бориме за себе, за Македонија, за Македонците. Ние веќе мораме на сите да им се извинуваме за тоа што сме Македонци“, рече Ванковска.

Димитриевски: На Македонија и е потребен претседател којшто ќе биде обединител и на Македонците и на сите етнички заедници во државата

„На Македонија и е потребно обединување, на Македонија и е потребен претседател којшто ќе биде обединител и на Македонците и на сите етнички заедници во државата.“, порача кандидатот за претседател на РСМ, Максим Димитриевски, на вчерашниот собир во Штип.

Максим Димитриевски, кандидат за претседател

Јакимовски: Да се затвори бугарското прашање

Кандидатот за претседател на РСМ, Стевче Јакимовски во интервју на Телевизија Телма изјави дека е дециден за комплетно затворање на бугарското прашање.

Стевчо Јакимовски

„Не сум децидно против внесувањето на бугарите во Уставот, но сум децидно за комплетно затворање на бугарското прашање. Тоа значи целиот тој пакет да се затвори. Јас и на лидерската средба го поставив прашањето: ќе дадете ли одговор за тоа дали сме нација од 1944, или сме биле откако постоиме?

Второ, дали нашиот јазик е бугарско наречје, или е посебен македонски јазик? Дајте одговор на овие две прашања, а за историските личности нека вадат документи, нека вадат докази дали некој бил Бугарин, дали бил Македонец, можеби и никогаш нема да се договорат, но тоа не може да биде услов за наш влез во ЕУ, вели Јакимовски.

ИНИЦИЈАТИВА НА ЦИВИЛ – „Ти одлучуваш. Гласај!“

ЦИВИЛ со нова веб страница – ГЛАСАЈ: Релевантни информации за изборите и граѓанска едукација за правото на глас и важноста на граѓанското учество

ЦИВИЛ ја лансира веб страницата ГЛАСАЈ. На оваа веб страница се објавуваат релевантни вести и информации за изборите, линкови до официјални извори, како и текстови и видео содржини за граѓанска едукација за правото на глас и важноста на граѓанското учество во изборните процеси.

Интересна новина е алатката за планирање на гласањето. Таа има цел да им помогне на граѓанките и граѓаните да го планираат своето гласање.

Иницијативата на ЦИВИЛ носи наслов „Ти одлучуваш. Гласај!“ и обединува голем број јавни личности, јавни интелектуалци, уметници, универзитетски професори и активисти кои пред камерите на ЦИВИЛ говорат за важноста на гласањето и ги повикуваат граѓанките и граѓаните да излезат на гласање и да гласаат слободно и по сопствен избор.

Скопската невладина „Wake Up“ со кампања за излезност на изборите: Не е до нив, до тебе е

Покрај иницијативата на ЦИВИЛ „Ти одлучуваш. Гласај!“ за граѓанска едукација за правото на глас и важноста на излезноста на изборите, стартуваше и кампањата „Не е до нив, до тебе е“. Тоа е кампања што повикува на излезност на изборите, а ја води невладината WakeUp (во превод: Разбуди се) од Скопје.

Главната порака на кампањата е „Ќе гласам затоа што дефинитивно не е до нив, до мене е“.

Подготви: Д. Тахири во соработка со ЦМТ

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ