Основање на борд за валидација, составен од домашни и меѓународни експерти, кој ќе врши ветинг на сите проекти и закони за заштита на животната средина и ќе гарантира дека сите закони се одржливи, најави кандидатот за претседател од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, Бујар Османи
„Овој борд ќе гарантира дека нема да потпишам ниту еден закон што е штетен за животната средина. Не смее економскиот раст да биде на сметка на животната средина и идните генерации. Мора да оставиме не само европска и економска, туку и зелена и одржлива држава“ – нагласи Османи.
Османи, појасни дека ваквите негови закожби се во рамки на суспензивното право на претседателот да не потпишува закони.
Н. А.