„Прво, ќе слезам меѓу вас. Како преку народните канцеларии. Ќе ги вратам назад. Мислам дека претседателот Ѓорге Иванов добро направи кога отвори народни канцеларии. И јас во иднина можеби најпрво исто така ќе ги повикам бившите претседатели да ги чујам. Ќе иницирам континуирана соработка со претседателите во регионот. Ние можеме да имаме регионален пристап во било кој начин на каков бил начин Отворен Балкан, економија, соработка , раст итн. И да си ветиме дека ќе ги помагаме оние зад нас, а нема да ги блокираме со вето“ рече кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова на вчерашниот митинг во Струмица.
Таа додаде и дека нејзините предлози за дипломати прво ќе одат пред Комисијата за надворешна политика да кажат што ќе прават надвор, да одговараат на бомбите од прашања на пратениците.
Н. А.