• Latest

Изгласани две долго очекувани функции – државен јавен обвинител и министер за здравство

December 26, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изгласани две долго очекувани функции – државен јавен обвинител и министер за здравство

December 26, 2017 08:51
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието вчера беа излагасани две функции на кои се чекаше подолг период – Љубомир Јовески беше избран за државен јавен обвинител, а д-р Венко Филипче – за нов министер за здравство. Гласањето се одржа без присуство на пратениците од опозицијата.

Постапката за избор на нов јавен обвинител на РМ почна летото кога во Парламентот на 17 август беше разрешен Марко Зврлевски. Процесот беше стопиран поради кампањата и Локалните избори, а во меѓувреме таа функција ја извршуваше Лилјана Спасевска.

Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување. Шеесет и тригодишниот Јовески во своето досегашно работење постапувал во кривичната област. Повеќе од 15 години работел како судија по кривични предмети, а во еден мандат раководел со Основниот суд Скопје 2. Има и работно искуство од над 12 години како јавен обвинител и седум години во областа на извршување на кривичните санкции. Од 2015 година е член на Советот на јавните обвинители на РМ.

Во свечената изјава Јовески се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите и оти ќе работи чесно, совесно и непристрасно. Ќе работи на враќањето на довербата на граѓаните во Јавното обвинителство.

„Пред голем предизвик сме да ја вратиме загубената доверба во работата на Обвинителството пред граѓаните и да се профилира како професионална институција што ќе ги гони сторителите на кривични дела. Затоа ќе работам Обвинителството да ја зашитува законитоста и да обезбедува владеење на правото во Република Македонија“, изјави Јовевски.

Пратениците од владејачкото мнозинство вчера на собраниска седница го изгласаа и новиот министер за здравство – д-р Венко Филипче. СДСМ го презеде ресорот здравство по повлекувањето на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците поради кандидатурата за градоначалник на Гостивар.

Преговорите за прв човек во здравство траеја повеќе од еден месец. Премиерот Зоран Заев донесе одлука министер за здравство да биде од СДСМ што предизвика реакција од лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој настојуваше неговата партија да го задржи ресорот доведувајќи го во прашање и натамошното учество во владината коалиција. Но, според Заев, Алијансата претходно го добила тој ресор поради кандидатот Таравари, а овојпат како на млада партија и понуди место потпретседател на Владата за реформи.

По изборот на Филипче во Парламентот, Села и неговиот сопартиец Сурија Рушити ја напуштија собраниската седница. За медиумите Села изјави дека неговата партија ќе остане во владината коалиција до донесувањето на законот за употреба на јазиците.

Новиот министер за здравство, д-р Венко Филипче (Скопје, 1977), дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, специјализација по неврохирургија почнал во 2003 година а ја завршил во 2008 година. Докторирал во 2015-та, а оваа година е избран за доцент на Медицинскиот факултет.  Во 2012 година завршил фелоушип  по интервентна неврорадиологија со што станал прв неврохирург во околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на Клиниката во Скопје.

Покрај него, на седницата во Парламентот вчера беа изгласани уште три нови членови во Владата на испразнетите места: Аксел Ахмедовски – министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата на Ромите, Благе Цветковиќ – заменик-министрер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Арбр Адеми – заменик-министер за образование и наука.

На вчерашната собраниска седница, исто така, беа констатирани оставките на претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, потпретседателот на ДИК Реџеп Прекопуца и на членовите на ДИК Атанас Урумов, Игор Милев, Субхи Јакупи, Виолета Дума, Сашо Срцев и Силвана Бонева. Ним им престанува функцијата и ангажманот во ДИК на лично барање, а пред истекот на мандатот.

Овој состав на ДИК кој имаше мандат од склучувањето на Пржинскиот договор па се до 2020 година, се повлекува по критиките во јавноста за делење високи бонуси.

Сите членови на комисијата, освен најновиот од партијата БЕСА – Ермира Асани-Салија, се повлекоа од функциите во овој највисок изборен орган, откако американскиот амбасадор Џес Бејли обзнани дека членовите на ДИК си поделиле високи надоместоци за својата работа за време на локалните избори и последните неколку изборни циклуси.

На интернет-петицијата со која се бараа оставки од деветтемина членови на ДИК се потпишаа над 5.000 лица.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: владаЈавен Обвинителминистер за здравствоСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ