„Имаме сигнали дека ќе има позасилен ангажман на португалското претседатлество. Бидејќи дипломатијата зад затворени врати, на некој начин, дава поголеми шанси, не знам колку е мудро од моја страна повеќе да кажам, меѓутоа, чесно е да најавиме дека очекуваме засилен ангажман од португалското претседателство кое што мислам дека има добра волја. Далеку се географски, нивната позиција на чесен посредувач е јасна – сакаат успех и сакаат да го завршат тоа што го почна германското претседателство и да ја спроведат одлуката на Советот од март, минатата година,“ вели Димитров во интервју за емисијата „360 степени“ за Алсат ТВ.
Царовска: ТИКА продолжува со инвестиции во образованието во Северна Македонија
„Особено ни е драго што ТИКА секогаш ги препознава и долги години ги поддржува напорите на државата за развој на образованието и што како претседателство потврдувате дека таа поддршка не само што нема да запре, туку и ќе се интензивира. За нас тоа е многу важно во овој период во кој во тек е имплементирање на реформите предвидени со неколкугодишниот план на МОН и на Владата“, изјави Царовска за време на средбата, заблагодарувајќи се на агенцијата за сите досегашни инвестиции кои, како што нагласила, се плод на одличното партнерство помеѓу двете земји.
„Северна Македонија неодамна ја одбележа првата годишнина од своето членство во НАТО и тоа за мене е без дилема, клучното стратешко и надворешно-политичко достигнување на земјата по приемот во Организацијата на Обединетите Нации. Само 3,5 години по конфликтот станавме земја-кандидат за членство во ЕУ и само една година по обидот за рушење на уставниот поредок во 2017 добивме покана да станеме членка на НАТО. Ваквата брза консолидација ќе беше невозможна без подршката на нашите стратешки партнери од НАТО, Европската Унија и Соединетите Американски Држави “, рече претседателот Пендаровски.
Б.Ј.