• Latest
Photo by: Jukka Aalho on Unslpash

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Маричиќ, Зурабишвили, Пендаровски, Филипче

May 10, 2021
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Маричиќ, Зурабишвили, Пендаровски, Филипче

May 10, 2021 19:00
in ДНЕВНИК, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by: Jukka Aalho on Unslpash

Photo by: Jukka Aalho on Unslpash

Share on FacebookShare on Twitter

Маричиќ: Не гледам расположение во ЕУ за раздвојување Скопје и Тирана

„Не ми делува едноставно раздвојувањето како концепт. Може да се зголеми евроскептицизмот, ова е борба за кредибилитетот на Европската Унија, Австрија и Германија и другите се трудат да се на Балканот, да праќаат пораки. Не е тајна дека Вархеји е од партијата на премиерот Орбан, не е мое да го коментирам неговото однесување, треба да се даде шанса на неговото дејствување. Имаме коректна соработка со него. Волја за проширување има, но темата таму не е толку популарна. Ние бараме да почнеме преговори, треба на тоа барање да опстоиме, опкружени сме со земји членки. Нема друга посериозна политика за нас од членство во ЕУ, се друго ќе отвори можност за нон-пејпери“, изјави Маричиќ.

Зурабишвили: Отворањето на прегорите на Северна Македонија со ЕУ ќе биде силен сигнал за Грузија

„Ние видовме дека Северна Македонија во минатото надмина една таква пречка, би рекла посериозна пречка на нејзиниот пат кон членството во НАТО. Убедена сум дека на истиот начин Северна Македонија ќе биде во можност да ја надмине и пречката со која во моментов се соочува. Ние малите земји кои во минатото сме покажале издржливост, сме се соочиле со многу историски настани во изминатите векови, со инвазии, окупации, научивме дека треба да се биде отпорен, да се биде тврдоглав, да го знаете правецот во кој одите. Ние малите земји сме оптимисти бидејќи гледаме резултати. За нас Грузија резултат што Северна Македонија го постигна со членството во НАТО е многу силен сигнал дека врата на Алијансата е навистина отворена и дека не станува само за зборови, туку за реалност што на сите нас ни дава оптимизам. Во исто време се надевам дека тоа ќе се случи и со отворање на преговорите за пристапување , што ќе биде одличен сигнал и за Грузија бидејќи тоа е нашата заедничка перспектива,“ изјави претседателката на Грузија Зурабишвили.

Пендаровски: Моите ставови за „27 април“ и пред и по средбата со Мицкоски се апсолутно идентични

„Јас имав соопштение после тоа, после таа негова изјава во кое кажав дека и во дипломатијата и во политиката кога излегувате на одвоени изјави јасно е дека сте имале различни ставови за истите настани. Да имавме усогласени ставови за „27 април“, како што тој вели, сигурно би излегле на заедничка прес-конференција или со заедничко соопштение кое би го потпишале двајцата. Немам што да додадам на тоа. Станува збор за реалноста тоа што внатре се случуваше и која беше соопштена многу пати. Инаку моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицковски. Моите ставови и пред таа средба и потоа и денес ако ме прашувате се апсолутно идентични,“ вели Пендаровски на новинарско прашање за обвинувањата од Мицкоски дека изјавите кои ги дал ден по средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу „27 април“ се разликуваат од кажаното од него на самата средба.

Граѓаните го следат апелот за пријавување на сајтот за вакцинирање, колективен имунтет се очекува до крајот на летото, смета Филипче

„Вакцинацијата се одвива добро. Вакцинирани се околу 110 илјади граѓани, а сега се вакцинираат оние 170 илјади граѓани кои се пријавиле на сајтот „vakcinacija.mk“ до 30 април. Граѓаните го следат апелот за пријавување на сајтот, а доколку нема нова мутација на вирусот, колективниот имунитет сигурно ќе го стекнеме до крајот на летото“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

И.К.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ