Маричиќ: Откако сум министер немало промена на закон без вклученост на граѓанскиот сектор
„Во изминатите 7-8 месеци откако сум во Министерството за правда, немало промена на закон без вклученост на претставници на граѓанскиот сектор, а особено сум среќен поради грантовите за граѓанските организации – даватели на примарна бесплатна правна помош, бидејќи заштитата на човековите права е јавен интерес и заслужува институционална поддршка“, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ.
Рот: Крајно време е ЕУ да ги исполни ветувањата и да ги почне преговорите со Скопје и Тирана
„Крајно време е Европската Унија да ги исполни ветувањата и да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија… Иднината на Западен Балкан е европска – треба да постапуваме одлучно сега за да нема сомнеж во тоа“, вели германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој денеска доаѓа во дводневна посета на Скопје.