„Да ја направиме заеднички 2021-ва година за паметење, во која ќе биде направен силен исчекор напред бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија. Евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме“, изјави премиерот Зоран Заев на пленарната сесија што се одржа денеска во рамки на Самитот за Западен Балкан во Виена.
„Граѓанскиот сектор во Куманово некако замира. Има многу регистрирани невладини организации, но вистински што делуваат по сите прашања во однос на граѓаните, многу мал број во последно време се активни. Во однос на европските вредности, што значат слобода на говор, здружување, учество во креирање на политики на локално ниво не бележиме дека навистина се залагаат за учество на граѓанските организации во креирање на политики и многу малку делуваат во однос на европските вредности“, изјави Благица Димитровска од Здржението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово.
Димитров: Крајно време е ЕУ да го исполни ветувањето кон Северна Македонија
„Крајно време е Европската Унија да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови. Крајно време е за добри вести и прогрес по европскиот пат за целиот регион“, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.