Изјави на денот: Заев, Рама и Вучиќ со заедничка изјава, Маричиќ за зголемување на плати на судиите и обвинителите, Пендаровски за мировната мисија.
„Денеска се состанавме за да разговараме за натамошните чекори за нашата регионална соработка како витален пат напред за нашите земји, за Западен Балкан, за Европа и европскиот пат како целина.
Нашите земји се дел од Европа и секогаш ќе бидат. На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на ЕУ.
Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ.
Нашата историја и нашата иднина се европски и живееме во регион опкружен со границите на Европската унија. Контекстот во кој се наоѓаме е предизвикувачки и истиот е предизвикан од предолгиот статус кво на Унијата vis-a-vis нашиот процес на интеграција во ЕУ. Сепак ние остануваме уште по посветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка, гласи заедничката изјава на претседателот Вучиќ и на премиерите Рама и Заев работна средба преку интернет конференциска врска.
Интенцијата на нашите мерки и на нашата политика е да се зголемат платите и никој да не биде изоставен, а со тоа да се зголеми одговорноста и на судиите и на јавните обвинители и на судската и на обвинителската администрација затоа што граѓаните тоа го очекуваат, изјави на денешната прес-конференција во Владата министерот за правда Бојан Маричиќ.
„Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршката од нашите тогашни партнери, а сега сојузници – САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија“, изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска на свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод завршувањето на учеството на Армијата на Република Северна Македонија во мировната мисија во Исламската Република Авганистан 2002/2021.