Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба „She“ на младиот уметник Давор Ќешќец.
Од МКЦ соопштија дека негова мисија е ретрото и рокенролот како животно мото.
– Тоа е израз што нè враќа кон убавите рокенрол времиња на 50-тите години од минатиот век. Минималистичкиот приод кон колоритот е со строга намера да се искаже тројството на црното, белото и црвеното како моторика на секој крајно емотивен ликовен акт, иформира МКЦ.
Извор: МИА
[divide]
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.