„Газа гори“, вели израелскиот министер за одбрана, откако Израелските одбранбени сили силно го бомбардираа Газа Сити преку ноќ, пренесува Би-би-си.
Ова доаѓа по непотврдени извештаи од „Џерусалим пост“ и американскиот новински сајт „Аксиос“, кои велат дека Израел сега ја започнал својата копнена офанзива за да го окупира целиот град
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека Газа Сити е последното големо упориште на Хамас и вети дека ќе ја преземе контролата врз него; планот за тоа предизвика меѓународни критики
Во последните неколку моменти, истражна комисија на Обединетите нации соопшти дека Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа
Израелското министерство за надворешни работи категорично го отфрла извештајот, осудувајќи го како „искривен и лажен“
Локалните новинари велат дека имало речиси постојани израелски воздушни напади, артилерија и пукање во Газа Сити.
Д. Мишев