• Latest
Фото: МИА архива

Израел им даде гаранции на САД дека добиено оружје не го користат во спротивност со меѓународното право

March 21, 2024

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Израел им даде гаранции на САД дека добиено оружје не го користат во спротивност со меѓународното право

March 21, 2024 08:11
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Израел достави писмени гаранции до Вашингтон дека оружјето што му го дадоа САД не се користи во Појасот Газа со што би се кршело меѓународното хуманитарно право.

Американскиот Стејт департмент претходно му даде рок од една недела на Израел за да ги достави бараните документи, пренесува новинската агенција МИА.

До крајот на мај американската агенција ќе процени дали израелските гаранции се веродостојни и ќе ги пријави своите наоди до Конгресот.

Претходно вчера, околу 70 поранешни функционери на американската влада, вклучително и дипломати и воен персонал, го повикаа претседателот Џо Бајден да го предупреди Израел за сериозни последици доколку ги лиши Палестинците од граѓански права и основни добра и ги прошири активностите за населување на окупираниот Западен Брег.

„САД мора да бидат подготвени да преземат конкретни активности за да се спротивстават“ на таквите практики, велат поранешните американски претставници во отвореното писмо до Бајден. Тие нагласуваат дека мерките треба да вклучуваат и „ограничувања на обезбедувањето помош (од страна на САД за Израел) во согласност со американскиот закон и политика“.

Писмото го потпишаа повеќе од 20 поранешни амбасадори и други пензионирани функционери на Стејт департментот, поранешни претставници на Пентагон, на разузнавачки служби и на Белата куќа.

Писмото ја нагласува зголемената загриженост на САД поради израелските операции во Појасот Газа. Акцијата на Израел беше поттикната од нападот на Хамас на 7 октомври во кој беа убиени околу 1.200 луѓе и земени за заложници 253 лица.

Според здравствените власти во Газа, голем дел од територијата на енклавата е уништен, а речиси 32.000 Палестинци се убиени. Според ОН, населението од 2,3 милиони луѓе има малку храна, вода и засолниште, а гладот ​​во некои области достигна нивоа опасни по живот.

Во отвореното писмо се вели дека израелската воена операција против Хамас е „неопходна и оправдана“, но дека акциите на израелската армија се „обележани со постојано кршење“ на меѓународното право. „Десетици илјади цивили од Газа се убиени, од кои мнозинството се жени и деца… Убиството на цивили од ваков карактер и размери не може да се оправда“, напишаа поранешните американски претставници.

Tags: ИзраелПалестинаСАДХамас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ