• Latest

Израелски стручњаци за валкани операции против либерална Словенија

March 18, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Израелски стручњаци за валкани операции против либерална Словенија

Би требало сите аналитичари на Балканот одамна да осознале колку Нетанјаху, освен што е креатор на низа војни на Блискиот Исток директно влијае на изборите на Полуостровот. Во недела избори ќе има во Словенија а тим на израелски стручњаци за правење на промени од декември е во Љубљана. Цел – Јанез Јанша мора да победи

March 18, 2026 13:32
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Љубомир Костовски

Во три балкански земји во наредните неколку недели треба да се случат значајни избори. Најпрво во недела, на 22 март, ќе има парламентарни избори кои треба да поминат во обидот десничарот Јанез Јанша по трет пат да се врати на власт. На 30 март во Србија, во десет локални заедници, треба да се изберат советници во општинските раководства, што е битно заради одмерувањето на силите меѓу власта и студентскиот отпор кон Александар Вучиќ. Третите избори имаат особено стратешко значење за Стариот континент – голема е веројатноста унгарскиот властодржец Виктор Орбан, по низа години узурпирање на демократските процеси во оваа земја да падне пред налетот на својот некогашен соборец а сега отворен опозиционер. Таму ќе има парламентарни избори на 12 април.

Во мигот на сончевата страна на Алпите предмет на опсервација се дојденци од Израел. Тие таму пристигнале уште во декември и имале средби со лицето кое е избрано да победи на последното одмерување на волјата на гласачите – Јанез Јанша. За ова неодамна говореше во своето гостување во студиото на N1 координаторката на националната конвенција за Европската Унија, Бојана Селаковиќ.

„Тие избори се важни за нас и за Европа, бидејќи ако има промена во владејачката коалиција, ќе се промени и ставот кон Израел, ситуацијата на Блискиот Исток, Палестина. Досега, Словенија беше една од ретките европски земји што ја призна Палестина, што го осуди однесувањето на Израел. Ако победи Јанез Јанша, се очекува дека ова ќе се промени. Јанша припаѓа на група популистички, суверенистички лидери. Тој има силни врски со Виктор Орбан“, опиша таа.

Инаку, Словенија беше потресена од аферата кога беше објавена информација дека членови на израелската тајна служба „Црна коцка“ (Black cube) биле во Словенија во текот на декември.

Според информациите што Селаковиќ ги изнесе пред камерите, „дојденците се сретнувале со Јанша, биле таму за да му помогнат да постигне најдобар можен резултат на изборите. Ова е општ заклучок кој е доста осудуван од гледна точка на словенечката јавност, бидејќи се смета за мешање во изборите“, рече таа.

Како некакви скриени мешетари во Нетанјахуовиот тројански коњ, странците, специјализирани во своите матни активности, се обидуваат во нешто што навидум е нереално – некогашниот корумпиран политичар, човек што минал години зад решетки да го вратат на врвот на пирамидата на владеење, како дел од процесот на јакнење на десницата. Секако, се работи за Јанеш Јанша.

Словенечките активисти, некои со големо искуство, алармираат дека градителите на стратегиите на Јанша од Блискиот Исток се одамна на Балканот, иако не се споменуваат често. Но, се споменува очевидно една интернационализација на изборите, токму тука, од страна на европската десница со помош на Израелците Артур Финкелштајн и Џорџ Бирнбаум.

Обајцата (првиот е веќе покоен) се луѓе кои важат за креатори на изборните победи на тврдиот десничар и аниматор на дузина војни на Блискиот Исток, вклучувајќи ја и актуелната – Бенјамин Нетанјаху. Но, овие мајстори на изборните победи со помош на трикови од нивната „лабораторија“ се изгонети од Израел и би можеле да одат во затвор бидејќи имаат изгубен судски спор по реакција на другите партии во Израел, кои сметаат дека „брзата помош“ од споменатите спин-доктори создава длабоко недемократска атмосфера во тоа општество, секако во рамките на еврејскиот сегмент на државата.

Овие двајца подолго време престојуваа во Европа и си го продолжуваат својот занает. Според познатата активистка Светлана Слапшак, во хрватски Пешчаник, која беше учесник во многу антидиктаторски движења во Србија, а денес живее во Љубљана, Нетанјаху истите им ги препорачал на Орбан.

А тие, внимавајте, ги добиле изборите во Унгарија, бидејќи, спин-докторите форсирале антисемитизам!

Посебна цел бил Сорос и неговата фондација, што како предмет на обработка на политичкиот противник беше преприсутна и кај нас. И тоа со децении уште од 90-тите. Преживеаниот Бирбнбаум денес е малку пасивизиран, но има замена од неговиот стар крај. Тој се служи со две имиња – Срулик или попознат како Израел Ајнхорн и живее во Белград! Иако нема материјални докази, се верува дека тој работи за Александар Вучиќ. Таму има регистрирано фирма и бележи постојана добивка во милиони евра секоја година.

Според Слапшак, тој се потпира на вештачка интелигенција, организира мрежа од ботови и тоа најчесто надвор од земјата што е предмет на негова обработка, а главен метод е „засрамување“ на противникот.

Исклучиво работел за партии кои имаат пари, а тоа се главно оние на власта кои можат да си дозволат и да исчезнуваат средства од некакви меѓународни позајмици и кредити што сите граѓани ќе ги враќаат, или ќе формираат банки кои се „дарежливи“ (ако треба такви ќе се увезат).

Во овие денови тој Израелец, последниов од алката имиња е највеќе ангажиран во Словенија каде треба да го врати на власт Јанез Јанша, повеќекратниот осуден криминалец зад кого не стои државата, ама стојат сериозни структури во ЕУ, во десницата секако. И веќе, истовремено, полека навлегува во „материјата“ на изборите каде Орбан треба со употреба на „тешка артилерија“ да ја надомести големата предност на неговиот главен опонент.

Повеќе од јасно е дека аферата со истражувањето што во ЕУ се спроведува за комесарката за евроинтеграции Марта Кос во Брисел, по инсинуации што доаѓаат од нејзината сонародничка во Европарлментот Романа Томц од Народната партија која е дел од најголемата пратеничка група во Унијата, онаа на десните партии. Се работи за сериозен комплот кој стои на работ на возможност во однос на фактите.

Како се одвива тоа?

Најпрвин се наоѓа човек кој треба да напише нешто што ќе биде „бомба“, иако секако е заснована на инсинуации или на работи за кои треба поопстојно истражување. Авторот Игор Омерза (76) кој својата промоција на книгата наменета за рушење на угледот на Кос ја направи во Брисел и тоа на 10 март е клучниот актер во оваа инсценација. Книгата со наслов „Комесар“ на публиката ја претставува неговата спонзорка Томц.

ИФОР ОМЕРЗА Човек кој напиша книга со која ја напаѓа Марта Кос (фото извор: Википедија)

Авторот студирал економија и себеси се смета за опозиционер уште во 80-тите, залагајќи се за напуштање на Словенија на Југославија. Има напишано само една значајна книга на слична тема – за некогашниот опозиционер Едвард Коцбек, чие досие му било дадено во рацете а што го водела УДБА.

Омерза имал високи политички функции во близина на некои од градоначалниците на Љубљана, ама тешко е да сокрие дека е некој кому му се давани слични досиеја. Тој, за потребите на некои нарачатели, ќе ги користи тие документи во моменти кога треба да се направи врева во јавноста за некој политичар.

Веднаш после промоцијата на книгата, спонзорката Томц упатува писмо до телата во Брисел и таму експресно се отвора постапка во која се сугерира дека европарламентарката Кос лажела дека немала ништо со поранешната УДБА кога била акредитирана за чувствителни функции во ЕУ.

Писмото има датум од 13 март годинава, а пренесено е во медиумите преку Радио Слободна Европа. Најпрво, паѓа во очи релативната младост на Кос (60), а тоа не ја правело многу атрактивна за активност која би користела на УДБА во време на распадот на Југославија, кога таа имала 25 години и сè уште студирала журнализам. Потоа се бавела со спортско новинарство! Станала и дописник на Дојче Веле, ама сè е тоа откако СФРЈ се распадна, а секако и УДБА(!), која беше отфрлена, бидејќи, белградската политика си имаше своја информативна служба која работеше на доразбивање на Југославија, каде што, според Слободан Милошевиќ, на Словенија „ѝ беше дозволено мирно да си замине“ за белградската политика да има одврзани раце во конфликтите во Хрватска и БиХ, а во извесна смисла и во Македонија!

Проблемите со опозицијата во Словенија е што таа нема простор да се соочи со актуелната власт во некаква борба на програми и факти. Во последните години Кос е непријател за Србија, бидејќи, ги поддржа слободарските тендеции на студентите и нивните протести.

Нашите медиуми, оние нагласено провмроовски се приклучуваат кон сомневањата на европската десница, влегувајќи секако во една геостратешка игра во која минатото на Кос не е битно – во Белград ја сметаат за „непријател“, воедно и во Унгарија. Боцките против неа  доаѓаат од едно „осило“. Впрочем, треба да се каже дека и Гијом Мерсие, портпарол на Европската комисија за проширување, негираше дека институцијата добила писмо кое укажува на опасни моменти од животописот на Кос.

„Комесарката Кос помина низ обемна и темелна постапка за проверка за да се приклучи на Колеџот на комесари. Европскиот парламент го одобри нејзиното назначување по истиот процес како и за сите 27 други комесари. Комитетот за правни прашања на Европскиот парламент ја разгледа нејзината декларација за интереси и не најде судир на интереси. Европската комисија нема понатамошни коментари“, рече Мерсие, како што пренесе порталот Рацин.

Јасно е дека постапката која во медиумите е отворена пред таа и да започне во некакви официјални органи, треба да создаде атмосфера која не би била поволна за актуелната власт во Љубљана, која генерално има посилни противници надвор од земјата отколку внатре, па стратегијата се води согласно на тие проценки. И за сè да оди брзо, за да не биде темелно, а да постигне некаков ефект, евентуален „бум“ пред денот на гласањето.

ПОСЛЕДНА ПРОГНОЗА Вака во средата изгледаше предвидувањето за неделните избори

Претстојните парламентарни избори во Словенија не се само рутинска демократска процедура, туку повеќе суштински избор – не само помеѓу левиот и десниот центар, туку и помеѓу неисправниот плурализам и моделот на владеење во кој демократските норми можат многу брзо да се срушат, оцени словенечката писателка Ана Шнабл во авторски текст за лондонски Гардијан.

Под насловот „Зошто Словенија, како мала, стабилна земја и пример за европска приказна за успех, му го врти грбот на либерализмот“, авторката наведува дека Јанез Јанша „вооружен со безмилосниот политички прирачник на Виктор Орбан и политичкиот стил на Доналд Трамп, би претставувал уште една илиберална закана за ЕУ ​​ако победи на изборите на 22 март“.

Фактот дека коалицијата што си замина, предводена од премиерот од левиот центар Роберт Голоб, траеше цел мандат е речиси чудо според словенечките стандарди, пишува авторката во Гардијан и потсетува дека е формирана пред изборите во 2022 година од страна на Движењето за слобода (Gibanje Svoboda) на Голоб, партија што Голоб ја основа само неколку месеци претходно.

На првите избори на кои учествуваше, освои 41 од 90 места во парламентот, што е најсилниот резултат на една партија од независноста, се наведува и се додава дека убедливата победа му овозможи на Голоб да формира коалиција со Социјалдемократите (SD) и Левицата (Left). Со ова, тој обезбеди 53 места, ретка стабилност во фрагментираниот политички систем на Словенија.

Владата на Голоб не беше без недостатоци, смета таа. Брзиот подем на Движењето за слобода значеше дека тој дојде на власт со ограничено искуство во управувањето, импровизацијата понекогаш беше премногу очигледна, но сепак може да се пофали со конкретни резултати, се оценува во текстот. Тоа потсетува на финансиската криза по поплавите во 2023 година, мерките за ублажување на енергетската криза, зголемувањето на минималната плата и низа други настани.

Авторката понатаму наведува дека во однос на основните права и слободи, според некои стандарди, сегашната влада била дефицитарна, но не и илиберална, бидејќи, институциите функционирале, медиумскиот пејзаж, иако поларизиран, останал плуралистички, а граѓанското општество дејствувало без систематско заплашување.

И покрај сето ова, Шнабл оценува дека јавната поддршка за Движењето за слобода на Голоб е намалена. Десничарската Словенечка демократска партија (СДС) постојано води на анкетите, навистина само со неколку процентни поени пред Движењето за слобода. Нејзиниот електорат се покажа како исклучително лојален. Додека гласачите од централно-левичарската партија осцилираат помеѓу ентузијазмот и разочарувањето, гласачите на СДС остануваат цврсти. (Ова да додадеме е идентично и кога во Македонија се оди со девизата „сите се исти“, а се знае дека СДСМ ќе претрпи штета која ќе биде помала за ВМРО-ДПМНЕ).

Шнабл проценува дека она што ја разликува СДС од некои други крајно десничарски партии во Европа е тоа што не е бунтовна аутсајдерска партија, туку централен столб на словенечката десница и има искуство во владата: нејзиниот долгогодишен лидер, Јанша, бил премиер три пати од почетокот на милениумот. За време на својот прв мандат во средината на 2000-тите, СДС владеела како конвенционална конзервативна партија. Владата на Јанша во 2012–2013 година. Падна, да се потсетиме во екот на масовни протести поради обвинувања за корупција, а самиот Јанша беше осуден на две години затвор, иако пресудата подоцна беше поништена.

Последниот мандат на Јанша, од 2020 до 2022 година, се совпадна со пандемијата на Ковид. Тој беше обележан со поостар илиберален пресврт – неговата администрација со месеци го суспендираше финансирањето на словенечката новинска агенција СТА, често го напаѓаше јавниот радиодифузен сервис РТВ Словенија, се обидуваше да ги преобликува надзорните одбори на државните институции и влегуваше во отворени конфликти со новинарите на социјалните мрежи, се истакнува во текстот.

За среќа, судовите реагираа. Граѓанското општество се мобилизираше. Десетици илјади луѓе протестираа во Љубљана, а обидите на Јанша да ослабне делови од институционалниот систем и владеењето на правото беа доволно сериозни за да предизвикаат предупредувања од Европскиот парламент.

Текстот укажува дека СДС, со преминувањето во опозиција, не мораше да се менува. Во текот на изминатите четири години, тој можеше да се потпре на познати идеолошки теми: осуда на „пристрасните“ медиуми, предупредувања за бранови мигранти, тврдења дека Словенија е премногу регулирана и културни војни околу образованието. „Повторувањето на лекцијата“ било во корист на Јанша.

Словенечките институции остануваат цврсто вкоренети во правниот поредок на Европската Унија. Граѓанското општество е активно и отпорно. Земјата не е осудена на демократска регресија. Но, разликата во споредба со претходните мандати на Јанша е во тоа што методите, наративите и меѓународните сојузи на илибералната политика се поконсолидирани денес од кога било. Постојат преседани, потврди и меѓусебно засилување, смета авторката.

Затоа, овие избори делуваат помалку како рутинска демократска процедура и одржување на демократијата, а повеќе како структурни избори. Не само помеѓу левиот и десниот центар, туку помеѓу погрешниот плурализам и моделот на владеење во кој демократските норми можат многу брзо да се срушат, заклучува Шнабл.

Нема сомнение дека победата на Јанша ќе биде политички земјотрес за поширокиот регион.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ