УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Б.Ц., без сомневање, во последните 4-5 години прави сѐ што е во негова моќ да го дезавуира владеењето на Заев: тој не беше негов омилен кандидат ни кога го избраа да ја води партијата, а најчесто молчеше кога требаше громогласно да говори во негова и во поддршка на неговата политика што ја извади земјата од мракот на груевизмот; кога, пак, во неколку еминентни наврати се јави за збор, искажа големи критики за лидерството во сопствената партија – во која дури, заради Заев, си го „замрзна“ и членството. Иако во тој „фрижидер“ не престана често ѕирка, за да му ја провери внатрепартиската температура, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Дали Бранко локално го поздрави Зоки?”.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
ИЗВЕШТАЈ: Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и амбасадорот на Европска Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир ќе го презентираат Извештајот од Европската комисија за Северна Македонија
АНТИКОРУПЦИСКА: Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 53-тата седница.
КОНФЕРЕНЦИЈА: Меѓународна видео конференција „Стратешки менаџмент со ризици и кризи – подготвеност за идни кризи” на која ќе се обрати деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ: Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), и Министерството за земјоделство, шумарство и водоствопанство ќе го одбележат Светскиот ден на храната 2021.
САМИТ: Младински климатски самит во МКЦ.
КУЛТУРА: Изложба на Пабло Пикасо керамики, цртежи и графики од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев