ДРАГАН МИШЕВ
Можеби за првпат после седум години, учениците во првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе, нешто коешто е многу значајно, нешто коешто во минатото за жал изостануваше, се пофали премиерот Христијан Мицкоски на 1 септември при посетата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода по повод почеток на новата учебна година.
Еден ден подоцна, министерката за образование Весна Јаневски го демантира премиерот, изјавувајќи дека доставата на учебници би требало да биде завршена оваа недела, некогаш ќе добиеме информација дека се ќе биде на први, но има пролонгирање од 2/3 дена…
Во меѓувреме, на социјалните мрежи граѓаните се жалат дека сите учениците сé уште не добиле учебници, а они кои ги добиле се стари, со искинати страници, ишкртани.
Се ближи крајот на неделата што го даде министерката Јаневска како рок за испорака на сите учебници до сите ученици. Наскоро ќе дознаеме дали и овој рок ќе биде испочитуван, или ќе се пролонгира како и многу пати досега.
Или како што коментира еден корисник на социјалните мрежи:
Има време, после Нова година ќе има учебници… не брзајте.