• Latest

. Јавна расправа за Предлог-законот за отпишување камати за наплата на долгови

July 3, 2018

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

. Јавна расправа за Предлог-законот за отпишување камати за наплата на долгови

July 3, 2018 09:29
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавна расправа по Предлог законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште  во второ читање, ќе се одржи денеска во македонското Собрание.

Јавната расправа е организирана во рамки на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Предлог законот е поддржан од повеќето пратенички групи. Се однесува на постапката, условите и начинот на отпис на каматата, а за датум како пресек за кои предмети се однесува е одреден јуни 2011 година кога стапи во сила трансферот на извршната функција од редовните судови на овластените извршители.

Предлог законот се однесува на оние предмети кои се во фаза на предлози за извршување, а не се правосилни или предлози за извршување по однос на веродостојна исправа за кои не се донесени правосилни решенија до мај 2006 година, односно за предмети кај кои е започната постапката, на пресуди во однос на издадени платни налози за предмети кои што не се трансферирани од судот до нотарите и извршителите овој закон го ограничува важењето на отписот на камата, бидејќи и главниот долг веќе е застарен.

Со членот 3 од Предлог законот се регулира правото на стекнување на отпис од камати, со член 4 правото на отпис од страна на доверителите согласно Законот за облигациски односи како доброволна основа на доверителите, а со член 5 постапката, според која должникот откако ќе го плати долгот, со доказ дека го платил треба да се обрати со барање до доверителот кој го разгледува барањето и донесува одлука во рок од 15 дена. Потоа во рок од 8 дена треба да го извести соодветниот нотар или извршител. Во таков случај нотарот постапува по членот за запирање на постапката по правосилни и извршни налози што ги има по членот 73 од Законот за нотаријат, или пак извршителот во таков случај ја запира постапката по членот 93 од истиот Закон.

Како што образложи на претходната седница на Комисијата, пратеникот Панчо Минов, постојните тарифи кај извршителите и нотарите се превисоки и се очекува член 7 од Предлог законот да резултира со најмалку 50 проценти намалување на трошоците за извршување по однос на опфатените предмети. (МИА)

Tags: долговикаматипредлог-закон
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ