Државната изборна комисија денеска во 12 часот ќе одржи јавна седница, во малата сала на четврти кат. На седницата на дневен ред е разгледување и усвојување на барањата за нбљудување на референдумот од Шведската национална телевизија, СБС Вести – Австралија, Новинаската агенција Блумберг Њуз – Велика Британија, Руската државна новинаска агенција МИА, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Австриската радио телевизија, Продуциската куќа Вијс – САД, Асошиејтед Прес, ОБСЕ/ОДИХР, Амбасадата на Франција, Ал Џезеира – Англиски јазик и Ал Џезеира – Балкан.
Исто така ќе се разгледува и предлог Решение за ставање вон употреба на печати користени од избирачки одбор, а ќе се разгледува и предлог Одлука за утврдување на обликот на 39 печати со број на избирачко место кои ги користат избирачките одбори, а кои се ставени вон употреба.
ЦМ