• Latest
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања

Јавноста ги проследи најрелевантните информации, ставови и препораки за изборите на настанот на ЦИВИЛ, заедничка изјава од Заев и Рама, силна поддршка од Германија

June 23, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јавноста ги проследи најрелевантните информации, ставови и препораки за изборите на настанот на ЦИВИЛ, заедничка изјава од Заев и Рама, силна поддршка од Германија

June 23, 2021 17:44
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Најрелевантни информации, ставови и препораки за изборите на настанот на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ организираше конференција на тема: „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“, на која учествуваа министерот за правда, Бојан Маричиќ, Халил Снопче, пратеник и претставник од Алијанса за Албанците, потпретседателка на Државна изборна комисија Дитмире Шеху, Арбер Адеми, претставник на партијата ДУИ и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

„Како министерство за правда ќе негуваме институционален дијалог. Кај нас веќе има група која работи на измените на изборниот законик, и веќе направивме една, системот за верификација, со отпечатокот од прст. Едногласно во Собранието и со поддршка од скоро сите пратеници беше изгласана измената за фингерпринт“, истакна Маричиќ.

„Околу 200 апарати за отпечаток на прст ќе ни бидат достапни за да тестираме како ќе се одвива гласањето. Околу 4.000 апарати се предвидени за гласањето. Доколку не работи апаратот, тогаш ДИК ќе биде известен, но сепак гласачот ќе има право да гласа, додаде Шеху.

„Министерот го истакна фингер принтот, но јас кажувам дека во Македонија немаме проблеми со донесување закони, имплементацијата е проблем. Законот беше донесен требаше да се имплементира“, нагласи Снопче.

„Се залагаме за отворени листи за советници, тоа е тестирање на нашиот изборен модел кое ќе биде тест дали може да се имплементира и во парламентарните избори. Ние ја почитуваме волјата на гласачите и ја разгледуваме опцијата за еден круг гласање за градоначалник“, истакна Адеми.

„Државата има обврска да обезбеди максимални услови за искористување на правото на глас на секоја граѓанка и секој граѓанин“ – беше категоричен претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев и Рама: Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама денеска, на маргините на Првиот Економски Форум во Скопје, имаа заедничка изјава на која го презентираа заедничкиот став за одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да не одобри преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОДДРШКА Приоритет на владите мора да бидат кредибилни и одржливи реформи, а ЕУ мора да стои на своите заложби. Пристапот „вие испорачувате, ние испорачуваме“ мора да важи. Важно е пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија да почнат што е можно побрзо, порача денеска германската амбасадорка Анке Холштајн, на првиот Скопски економски форум.

ЕКОНОМИЈА Министерот за економија, Крешник Бектеши се надева дека Регулаторна комисија нема да ја зголеми цената на електричната енергија, иако ЕСМ и МЕПСО побараа покачување. Посочи дека на седница на Влада вчера е донесена одлука за намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5  проценти, што оди во прилог на граѓаните, како и да им се намалат трошоци во постковид периодот.

БЕЗБЕДНОСТ Приемот на Северна Македонија во НАТО минатата година претставува вистински регионален успех. Вашиот воен придонес кон Сојузничката команда за операции имаат витално значење за мирот и стабилноста на Западен Балкан и безбедноста на Европа, истакна командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генерал Тод Волтерс на денешната средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Навистина е важно да видиме остварување на ветувањето за евро перспективите на регионот дадено во Солун. Ова е проблем на ЕУ и оваа блокада не се однесува само за иднината на Северна Македонија туку и на иднината на ЕУ во Западен Балкан, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панел на Првиот економски форум Скопје.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и друго) од страна на Министерството за внатрешни работи и смета дека ваквиот потег сериозно ќе влијае на остварување на многу други права на граѓаните. Омбудсманот по сопствена иницијатива ќе ги испита евентуални пропусти во работењето на надлежните служби во МВР, кои би биле причина за прекините во издавањето на документите на граѓаните.

Дехран Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ