• Latest
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Јавноста стратешки ориентирана кон Западот, но со условена доверба и внатрешна амбивалентност

December 13, 2025
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Јавноста стратешки ориентирана кон Западот, но со условена доверба и внатрешна амбивалентност

December 13, 2025 10:51
in КОНТЕКСТ, ПРОЦЕСИ
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025 Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ТОНИ ПОПОВСКИ

Неколку надворешно политички наоди за расположението на нашата јавност, од редовното анкетно истражување на ЕУ – Евробарометар, за периодот октомври – ноември оваа година. 

Податоците од приложените табели покажуваат јасна и структурна евроатлантска ориентација, но истовремено и внатрешна амбивалентност кон одредени меѓународни актери, особено Русија. Поддршката за НАТО, САД и членството во ЕУ е доминантна. 

НАТО ужива стабилна мнозинска доверба – приближно две третини од нашите граѓани (околу 67%) изразуваат доверба, наспроти околу 30% кои не му веруваат. Овој однос укажува на консолидирана поддршка за безбедносната ориентација на земјата, иако постои релевантно малцинство со скептични ставови. 

Членството во ЕУ во најголем дел се перципира како позитивно – околу 55% сметаат дека членството е „добра работа“, а само 12% го оценуваат како „лоша работа“. Значаен дел (околу една третина) има неутрален став. 

 Ова укажува на широка, но не и апсолутна поддршка, со присутна резервираност кај дел од јавноста. По однос на перцепцијата за користа од членството во ЕУ, 77% од испитаниците веруваат дека земјата би имала корист од членството во ЕУ, а 21% сметаат дека не би имала корист. Ова потврдува дека очекувањата од ЕУ се пред сè инструментални и развојни. По однос на иднината на самата ЕУ, над 70% од граѓаните се вкупно оптимисти. Довербата во ЕУ е релативно висока, но поделена: 57% изразуваат доверба во ЕУ, а 40% не ѝ веруваат.


Овој однос сугерира дека поддршката за европската интеграција коегзистира со фрустрација од процесот, динамиката и условувањата. 

САД имаат многу силен позитивен имиџ: Total positive: 74% наспроти Total negative: 23%. По однос на Русија перцепцијата е длабоко поларизирана: Total positive: 50%/Total negative: 47% 


Од наодиве може да се заклучи дека постои консолидирана поддршка за НАТО и САД и силна, но првенствено прагматична поддршка за членство во ЕУ, со зголемена чувствителност кон кредибилитетот на процесот. 

Има доминантен оптимизам за иднината на ЕУ, и покрај институционалната скепса. Севкупно, јавноста кај нас е стратешки ориентирани кон Западот, но со значајна внатрешна амбивалентност, што укажува дека поддршката за евроатлантската ориентација е стабилна, но условена од испорачани резултати и геополитички контекст. 

Наоди од анкетата на ЕУ – Евробарометар (октомври – ноември 2025) по однос на јавноста во ЕУ и нејзините перцепции за проширувањето на ЕУ

Од табелата може да се забележи дека во повеќе држави членки на ЕУ се забележува пад на поддршката (негативни разлики), особено во Западна Европа, додека во дел од Источна Европа поддршката останува стабилна или благо расте. Ова укажува дека геополитичките аргументи за проширување сè уште не се подеднакво прифатени низ целата ЕУ.

На ниво на ЕУ27, јавното мислење е поделено, но со благо мнозинство „за“ проширување: 52% се за проширување на ЕУ, а 41% се против. Ова укажува дека проширувањето останува контроверзно прашање, со значителен отпор во дел од јавноста.

Највисока поддршка за проширување се бележи во: Романија (62%), Хрватска (67%), Бугарија (48%, со значителен пад но и понатаму релативно високо), Полска (65%), Литванија (69%), Португалија (54%) и Шпанија (71%.) Овие земји, најчесто од Источна и Јужна Европа, гледаат на проширувањето како стратешки и политички корисен процес.

Најсилен отпор се забележува во: Франција (51% против), Австрија (53% против), Германија (54% против), Белгија (50% против) и Холандија (46% против). Ова укажува на замор од проширувањето во дел од „старите“ членки, каде што доминираат грижи за институционалниот капацитет, миграцијата и кохезијата.

Може да се заклучи дека проширувањето на ЕУ има тенко, но реално мнозинство на поддршка на ниво на Унијата.

Постои јасна географска и политичка линија на поделба меѓу Исток/Југ и Запад/Север. Процесот на проширување ќе остане политички чувствителен, со потреба од силна аргументација и внатрешна консолидација во ЕУ. Оваа структура на ставови има директни импликации за кредибилитетот и темпото на идното проширување.

Што може да направиме за да се унапреди поддршката на европската јавност за проширувањето:
Треба да докажеме дека сме нето придонесувачи за безбедност и дека сме економска можност, а не фискален товар за ЕУ (инвестиции, пазари, работна сила со комплементарни вештини).

Истовремено дека сме Геополитички засилувач на ЕУ, особено во контекст на Русија, Кина и нестабилните региони. Пораката кон јавноста во ЕУ мора да биде: „Нашето членство ја прави ЕУ посилна, не поголема само по број.“

По однос на корупцијата, квалитетот на институциите и владеењето на правото, треба да покажеме реални резултати, не само законодавни промени. Препорачливо е освен фокус на рамката „Брисел–влада“ да инвестираме во директна комуникација со јавноста во ЕУ, преку кампањи насочени кон медиуми, тинк-тенкови, универзитети и синдикати, стратешко присуство во земји со најнизок степен на поддршка (Франција, Германија, Австрија, Холандија) и ангажирање дијаспората како кредибилен глас, а не само како гласачко тело.

Треба да внимаваме дека поларизираните ставови кон Русија и други глобални актери создаваат сомнежи во некои земји-членки односно постојано да покажуваме и докажуваме јасна и конзистентна усогласеност со ЗНБП на ЕУ и да се позицинираме како предвидливи и лојални партнери на ЕУ.

Накусо резимирано, треба да го прошириме нашиот пристап со цел „градење доверба кај европските граѓани“. Проширувањето денес е подеднакво политичко и перцепциско прашање, а успехот ќе зависи од способноста на кандидатите да се прикажат како решение за идните предизвици на ЕУ, а не како дополнителен проблем.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ