На научната конференција која се одржа на Академијата за безбедност во Тирана, премиерот на Албанија, Еди Рама, ги предупреди сите криминални групи, кои се наоѓаат на земјата и сè уште слободно си шетаат, дека наскоро ќе бидат фатени, ќе ги вратат парите и ќе одговараат за нивните криминални дела.
“Продолжувањето на ударите за уништување на криминалните мрежи, останува наш главен приоритет. Повторно ќе се вратам на операцијата-силата на законот, како една зграда која ќе цели кон горните катови и длабоките јазли на организираниот криминал, кој подолго време бил далеку од таргетот на ударите. Таргет се имотите и финансиските средства со криминално потекло, испраќајќи јасна порака до сите дека кој има корист од криминалот нема да ја ужива таа придобивка“, изјави Рама.
Рама, исто така, најави дека од јануари процесот на Ветинг ќе ја опфати и државната полиција.
Ф.Х.