• Latest

Ердоган и Путин во сѐ поцврста врска

December 12, 2017
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ердоган и Путин во сѐ поцврста врска

December 12, 2017 23:13
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Русија и Турција сметаат дека одлуката на САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел го дестабилизира Блискиот Исток, изјави рускиот претседател Владимир Путин по средбата во Анкара со шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган на 11 декември.

На заедничката прес-конференција по средбата на двајцата претседатели, што траеше еден час, Путин предупреди дека одлуката на американската администрација нема да помогне за решавање на ситуацијата на Блискиот Исток, туку токму спротивното – ќе ја дестабилизира и без тоа сложената состојба во регионот.

Според Путин, статусот на Ерусалим треба да биде договорен во директни преговори меѓу Израел и Палестинците.

Ердоган, од своја страна, изјави дека на средбата со Путин станало збор и за начините за решавање на конфликтот во Сирија и дека се договориле одново да се сретнат во Сочи што е можно поскоро за да разговараат на оваа тема.

Во врска со Сирија, Путин истакна дека двете земји тесно соработуваат околу ситуацијата во оваа блискоисточна земја.

Путин се заложи за интензивирање на билатералната економска соработка и ја изрази својата решеност за зголемување обемот на трговската размена меѓу Русија и Турција.

Турскиот претседател, пак, најави дека договорот за купувањето на системот за проввоиздушна одбрана С-400 за потребите на турската армија од Русија ќе биде финализиран во текот на оваа недела.

Како што јави МИА, ова е трета средба меѓу Путин и Ердоган за неполни три месеци. Путин ја посети Анкара на 28 септември, по што двајцата лидери потоа се сретнаа на 22 ноември во рускиот град Сочи.

Односите меѓу Анкара и Москва се влошија во ноември 2015 година, откако турската противвоздушна одбрана собори руски воен авион во реонот на границата меѓу Турција и Сирија. Но, по ланскиот неуспешен обид за воен удар во Турција, дојде до подобрување на билатералните односи, што резултираше и со неколку средби меѓу Ердоган и Путин и склучување на повеќе договори за соработка, вклучително и за изградба на гасоводот “Турски поток“.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: воена соработкагасоводЕрдоганИзраелПалестинаПутинРусијаСиријатурција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ