Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку опозициската Народно републиканска партија успее да докаже дека тој има сметки во странство, јави турската државна телевизија ТРТ, а пренесе МИА.
„Ако можете да потврдите дека моите пари се во некои банки надвор од границата, јас ќе поднесам оставка од претседателската функција“ – изјави Ердоган.
Ова е одговор на обвинувањата на опозицискиот лидер Кемал Калачдароглу, кој на 21 ноември изјави дека членови на семејството Ердоган „имаат милиони долари во компанија со седиште во даночните раеви во странство“.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.