• Latest

Еснафските здруженијата од регионот протестираат против последните напади врз новинарите

August 29, 2017

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Еснафските здруженијата од регионот протестираат против последните напади врз новинарите

August 29, 2017 14:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, што претставува повеќе oд 7.800 членови, излезе со соопштение во кое остро ги осуди нападите и притисоците врз новинарите, што се случија во Славонски Брод (Хрватска), Скопје (Македонија) и Партеш (Косово).

Според членките на Платформата, во последните осум месеци се регистрирани 63 случаи на закани и физички напади врз новинарите, вклучувајќи ги и последните инциденти.

Во Хрватска на 23 август беа физички нападнати новинарките Вишња Ружојчиќ и Александра Приморац. Истиот ден во Скопје, новинарската екипа на Нова ТВ беше физички нападната од поддржувач на иницијативата „Будење“ која собираа потписи против наводното отворање на кампови за бегалци во Македонија.

„Ние сме охрабрени од брзата реакција на Министерството за внатрешни работи, кое веднаш го идентификуваше сторителот, го повика на сослушување и објави кривични пријави за насилство против него. Нападот беше осуден од Здружението на новинарите на Македонија, кое смета дека тоа е напад врз слободата на говорот и правата на граѓаните да бидат информирани“, стои во соопштението на Платформата.

На 23 август во Партеш, Косово, според неофицијални извори, полицијата уапсила двајца новинари од Естонија и Латвија, кои по двочасовниот притвор биле пуштени. Причините за притворот остануваат уште непознати за јавноста.

Во соопштението по повод овој случај, Платформата ги повика локалните институции во регионот на Гњилане, да ги имплементираат меѓународните стандарди за заштита на новинарите, за нивната безбедност и слободата на изразување.

„Регионалната платформа силно ги поддржува напорите на новинарите и медиумските организации во заштитата на новинарите и слободата на говор. Платформата ги повикува властите, полицијата и судството во сите земји од Западен Балкан, да обезбедат слободни и безбедни работни услови за новинарите  и медиумите. Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани“, се вели во соопштението на Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: КосовоМакедонијанападновинариосудаслобода на медиумиХрватска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ