• Latest
Фото: Скриншот

JO ќе бара притвор за 10 лица, констатирани низа пропусти, немало ниту писмен договор за организирање на концертот

March 16, 2025

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

JO ќе бара притвор за 10 лица, констатирани низа пропусти, немало ниту писмен договор за организирање на концертот

March 16, 2025 21:43
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за десет лица, за кои во текот на денешниот ден се обезбедени докази за евентуална одговорност за синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, информираше вечерва jавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски и обвинителите од тимот што постапуваат на случајот.

Како што пренесува МИА, од денешниот увид на лице место, според Коцевски, јавни обвинители утврдиле дека објектот немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објекотот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од три метри без соодветна дозвола и без друштво со овластување за палење на пиротехничките материјали. Бил регистриран како деловен објект за лесна индустрија и не е извршена пренамена во угостителски објект.

Сослушан е еден од организаторите на настанот и утврдено е дека немало писмен договор меѓу организаторот и групата за организирање на концертот.

Над 20 лица, посочи Коцевски, се сослушани во текот на денешниот ден за случајот, а потврди дека на информативен разговор во Скопје е повикан и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.

Коцевски, информираше дека за случајот е формиран обвинителски тим од двајца јавни обвинители од ОЈО Скопје, двајца од ОЈО Кочани и двајца од ОЈО Штип, кои извршиле увид на лице место, кој се уште не е завршен и ќе продолжи во текот на утрешниот ден, а најави дека за утре ќе бидат ангажирани и три до пет јавни обвинители од Скопје.

Според Коцевски, се работи за навистина сложен предмет и има многу работи што треба да се испитуваат, посочувајќи дека досега се преземени низа активности – наредби за обдукција на жртвите, наредби за преземање мерки до МВР и БЈБ за апсење на секое лице кое со своето постапување или не постапување придонело за настанот и да се испита неговата улога, наредба за анализа на одземени предмети, предлог за издавање наредба за одземање видео снимки од безбедносни камери, предлог за издавање наредба за привремено одземање документација на правниот субјект, барање за претрес во дом и други простори и барање за меѓу институционална соработка до ОЈО ГОКК.

Од увидот на лице место денеска, Коцевски информира дека биле констатирани низа состојби и тоа:

– Објектот немал хидрантска мрежа, ниту хидрант. Немало доволен број на ПП апарати, односно имал само два. Немал две излезни врати, туку само една единечна импровизирана метална врата на задниот дел од објектот, која била заклучена и без квака од внатрешната страна и обложена со гипс картон и звучна изолација. Немало пристап од две страни за ПП возила, согласно правилник за пожари, внатрешноста на објектот бил обложен со гипс картон, но не бил со огноотпорни својства, немало спуштен таван со огноотпорни својства, немало врати со противпожарна отпорност, ниту пак систем за кочење на вратите и известување на присутните за пожар. Истата била и непрописно обложена со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од три метри без соодветна дозвола и без друштво со овластување за палење на пиротехничките материјали, изјави Коцевски.

Од увидот на лице место на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам констатирано е дека објектот во кој се случила несреќата е регистриран како деловен објект за лесна индустрија со површина од 419 метри квадратни, и не е извршена пренамена на објектот од лесна индустрија во угостителски објект.

– И покрај тоа што за објектот нема пренамена за работа како угостителски објект, истиот има дозвола за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена уште пред 15 години, информираше Коцевски.

Јавното обвинителство, посочи Коцевски, се уште нема донесено наредба за спроведување на истражна постапка, а се работи на преземање повеќе дејствија за утврдување на кривична одговорност на повеќе лица за повеќе кривични дела – „тешки дела против општата сигурност“, како и постоење основано сомнение за постоење други кривични дела поради што ќе биде даден предлог за определувања мерка за краткотраен притвор.

Коцевски, информираше дека е сослушан еден од првоосомничени, односно еден од организаторите и од неговиот исказ дадени се одредени релевантни докази.

– Од тоа можам да кажам само дека нема писмен договор меѓу организаторот и групата за организирање на концертот. Во конкретниот случај може да кажам дека евентуално може да се работи за кривични дела од тоа што претходно го напоменав, за давање и примање поткупи и за кривично дело во врска со пиротехничките средства, посочи Коцевски.

-Лицата постапувале спротивно на прописите и техничките правила на мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и делото на луѓето од големи размери, изјави Коцевски.

Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани, според првичните информации на МВР, бројот на починати е 59, а 155 се повредени.

Tags: ЈОЉупчо Коцевскитрагедија во Кочани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ