Аналитичарот Ненад Јовановски, на својот Фејсбук профил објави демант на текстот објавен на порталот Република, во кој се тврди дека Јовановиќ бил на платниот список на Општина Тетово.
Во демантот објавен на Фејсбук тој пишува:
-На ден 08. 02. 2022 година, на вашиот сајт „Република.МК“ сте објавиле вест со наслов: „И Ненад Јовановиќ земал пари од Општина Тетово“, што значи дека преку насловот вие имплицитно тврдите дека јас сум земал материјални сретства од 12. илјади денари. И не само што тврдите дека сум земал материјални сретства, вие тврдите дека сум земал во низа (од неколку месеци) материјални сретства од 12. илјади денари.
Категорично ги негирам овие тврдења: никогаш не сум бил во работен ангажман со Општина Тетово.
БАРАМ да го објавите овој ДЕМАНТ, а исто така БАРАМ да ми се извините.
И БАРАМ да ја избришете оваа неточна и клеветничка објава.
Во спротивно, ќе бидам принуден да ве тужам бидејќи:
1.) Никогаш не сум бил во работен ангажман со Општина Тетово;
2.) Пред да ја објавите оваа вест, не ми се јавивте за да ме прашате дали сум јас тоа лице кое е во работен ангажман со Општина Тетово, стои во демантот на Јовановиќ.
Јовановиќја демантира веста на порталот Република во која се вели: „Ненад Јовановиќ, гласниот поддржувач на политиките на владејачката партија СДСМ и на поранешниот лидер Зоран Заев е на списикот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година.
Д. М.