Она што го слушнав на почетокот ми претставува типично и веќе слушнато. Во коментарите на почетокот кој ги покажа Џабир, се работи во коментарите за купишта предрасуди кои виреат околу невладините организации. Сите се погрешни, табуизирани, се стереотипизирани, и ми се чини и во голема мера тоа доаѓа и од самите локални самоуправи и доаѓа од традиција дека невладините организации се некои сомнителни организации кои перат пари. Тоа е најлесната дефиниција да се фрли за граѓанското општество, и дека тоа се слуги на империјалниот капитализам, истакна Ненад Јовановиќ, граѓански активист на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“
Не ми се допаѓа кога граѓанското општество се карактеризира за сектор, бидејќи ако се работи за сектор, се работи за некој парцијален диск или се работи за некоја тесна група околу која ние си бркаме работа. Јас сум на ставот дека сите ние сме дел од едно Граѓанско општество. Ако сакаме да го дефинираме и да му дадеме доза на ангажман, тогаш мора да сфатиме дека модерната држава е синоним на целокупното Граѓанско општество.