• Latest

Како до подобри и послободни медиуми?

May 3, 2017

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Како до подобри и послободни медиуми?

May 3, 2017 12:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со медиумските слободи во Македонија од година во година, станува сè полоша и подраматична. За жал, мошне се малите шанси за подобрување, со оглед на длабоката општествена криза која ја тресе земјата повеќе години, а која, очекувано, се рефлектира и во медиумите и во содржините кои тие ги пласираат во јавноста. Во ваква констелација, би било премногу оптимистички да се очекува медиумите да играат каква било конструктивна улога во јавноста и во политичките процеси во земјава во блиска иднина.

Во изминативе години, ЦИВИЛ – Центар за слобода интензивно ги набљудуваше медиумите, како дел од политичкиот процес во земјава. Состојбите во медиумите и во новинарството, како и известувањето за време на изборните процеси, се детално опишани во извештаите и во публикациите „Слободни избори – услов за кој не се преговара“ и „Избори 2016 -Финален извештај од долгорочниот мониторинг на политичкиот процес и Предвремените парламентарни избори во Република Македонија“.

Освен тоа, во овие извештаи ЦИВИЛ ги изнесе и своите препораки за надминување на и подобрување на очајната состојба со медиумските слободи во Македонија.

Како до подобри, послободни и поодговорни медиуми?

Прво и најважно: без претходно да се подобри политичката состојба, не може да се очекува подобрување на состојбата во медиумите. Медиумите се огледало на општеството, а секое општество добива и власт и медиуми какви што заслужува. Грдата слика на македонското општество мора да се поправа од повеќе аспекти, а за сите нив, клучни зборови се – политичка волја.

Без почеток на независно функционирање на институциите и механизмите на државата – поврзани со медиумите, кои се моментално узурпирани од партиите на власт, без судство што ќе санкционира говор на омраза и јавни повици за линч, насилство и убиства, без доследно и неселективно спроведување на законодавството за клевета и навреда, со земање предвид на практиката на Судот од Стразбур, не се возможни одговорни и транспарентни медиуми.

Без овозможување фер пазарни услови за медиумите, и фер услови за работа за новинарите, без функционирање на „невидливата рака на пазарот“ во Македонија, а не – „долгата рака“ на власта, не се возможни слободни медиуми!

Без почитување на стандардите на професијата и кодексот на етика, нема слободни медиуми!  Доколку новинарите сами не си ги решат работите, секогаш ќе оставаат простор некој друг однадвор да им ги решава. Саморегулацијата е еден од столбовите врз кои почива независното новинарство. Таа треба да се прегрне и да се негува, а не да се саботира и да се банализира.

Без вистински независен јавен сервис, кој ќе биде пример – светилник за другите медиуми за стандарди и квалитет, ниту квалитетот на содржините во приватните медиуми, кои сепак, имаат и приватни бизнис-интереси, нема да се промени.

Доколку работите останат вакви какви што се, состојбите нема да се променат во догледно време. Напротив, ќе се влошуваат и ќе се деградираат дополнително, со што ќе се влијае негативно и на шансите на Македонија, воопшто да излезе од оваа општествена криза, која може да има и подалекусежни регионални импликации.

Петрит Сарачини

Tags: Етички кодексизборикризаМедиуминезависен јавен сервисполитичка волјапрофесионални стандардиСтразбур
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ