ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Денес медиумите просто го одмолчеа фактот дека во Собранието не помина предлогот на СДСМ за минималецот во висина од 600 евра! Замислете. Дури и ТВ Сител каде што гостин беше лидерот на СДСМ Филипче, чиј предлог беше барањето за споменатата вредност на минималецот, не беше прашан за оваа тема – предлогот што се најде во Собранието пред само три дена!
Побитно беше да се знае дали СДСМ ќе има нов Конгрес… Демек имало гужви во опозицијата, бре, бре…
Наместо оваа тема на сет глас одеше одлуката на Собранието за редуцирано зголемување на и онака високите плати на државните функционери и пратениците што беше замислено од ВМРО-вските стратези како контрапункт на молчењето за минималецот.
ТВ Сител беше „шампион“ со тоа што во дневникот во 23 часот го пресече обраќањето на првиот човек на Унијата во земјата – Рокас.
Така, го издвои само она што значеше пофалба на власта заради апсењето на Груби, но го снема објаснувањето дека ЕУ засега нема план никого да прима по повластена патека, уште помалку со одлука новопримените да немаат право на глас, со што е „рокнат“ дел од пропагандните тези на македонскaта Влада.
Текстот е личен став на Авторот.










































