• Latest
Фото: ТВ7

Како Западот му дозволи на Иран да сее ужас низ Блискиот Исток

November 2, 2023
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Како Западот му дозволи на Иран да сее ужас низ Блискиот Исток

Недостиг на морална јасност во справувањето со Техеран поттикна поголем терор

November 2, 2023 12:40
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: ТВ7

Фото: ТВ7

Share on FacebookShare on Twitter

Сенка се наѕира над пандемониумот кој сега ја зафаќа Светата земја. Зад терористичкиот погром нанесен врз Израел од Хамас се крие најзлобниот од сите блискоисточни деспотизми: Исламската Република Иран.

Како што пренесува Телеграф, повеќето безбедносни експерти во Израел, Европа и САД се согласни дека Иранците се првенствено одговорни за вооружување, финансирање и индокрирање на немилосрдните палестински касапи кои пред три недели колеа, силуваа и киднапираа израелски новороденчиња, мајки и баби.

Израелските одбранбени сили (ИОС) знаат дека Хамас не можел да ги совлада нејзините трупи, вклучувајќи и тенкови, чувајќи го периметарот на Газа без технологија на беспилотни летала и друга воена експертиза обезбедена од Иран и тестирана на бојното поле во Украина.

Израел, како и Украина, се бори во првите редови на Западната цивилизација, во смртна опасност од нова „оска на злото“ – Москва, Техеран, Пјонгјанг.

Оваа недела стана јасно дека оваа оска сега го вклучува Хамас. Во Москва, двајца високи терористи – вклучувајќи и член на своето владеачко политбиро – се сретнаа со доверлив човек на Владимир Путин, додека Иран го испрати својот заменик министер за надворешни работи да се приклучи на оваа злокобна кабала.

Израел го опиша ова цинично превртливо лице на Кремљ како „срамотно“. Но, прегрупирањето на руската дипломатија за да го прифати Хамас е понатамошен доказ за растечката улога на Иран во Путиновата војна за истребување против Украина.

Владимир Путин се сретна со иранскиот претседател Ебрахим Раиси минатата година на разговори за сириската војна ФОТО: Сергеј Савостјанов/АФП

Како, тогаш, можеше Западот воошто, а особено САД, да го спуштат нашиот штит против Иран, единствената држава длабоко и демонстративно вклучена во овие два големи конфликти?

И како дојде до тоа Израел – мала земја приближно со големина на Велс, иако со три пати поголемо население – да ја плаќа цената за неуспехот на Америка и Европа сериозно да ја сфатат иранската закана?

Хамас мајстори на марионети

Над 1.400 израелски граѓани беа убиени во нападот на 7 октомври. Беше извршен од страна на Хамас, кој е во голем дел поддружница на Иран, иако Катар е домаќин на некои од неговите лидери. Ако Обединетото Кралстви загуби 10.000 луѓе во еден терористички напад, дали некој мисли дека ние би се двоумеле да возвратиме силно, не само на терористите, туку и на мајсторите на марионети кои ги влечат конците?

Зошто, навистина, треба Израел да дозволи својот одговор на иранската агресија да биде воздржан од американски претседател кој сé уште залудно се надева да преговара со држава која постојано ги објавува своите геноцидни намери кон еврејскиот народ и нејзиното вечно непријателство кон Западот?

На приватен брифинг на високо ниво од страна на портпаролот на ИОС оваа недела, прашав за нивната проценка за можноста Иран директно да интервенира во конфликтот. Тој го истакна фактот дека САД преместиле две борбени групи на носачи во регионот за да дејствуваат како одвраќање против Иран.

Но, пристигнувањето на моќниот УСС Гералд Р. Форд, најголемиот воен брод во светот, во источниот Медитеран е пред сé одбранбен потег. Од 17 октомври, иранските довереници низ регионот имаат истрелано проектили врз американски воздушни бази во Ирак и Сирија, повредувајќи најмалку 20 амерканси членови на персоналот.

Во четвртокот навечер, САД започнаа одмазднички воздушни напади во Сирија против објекти за оружје и муниција на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИКРГ). Лојд Остин, Секретарот за одбрана на САД, јасен е дека Иранскиот корпус на револуционерната гарда стои зад нападите врз американските бази, со намера да се прошири војната низ регионот.

Но, ако САД, најстрашната воена и поморска сила на земјата, се толку загрижени за непријателските ирански намери, зошто Џо Бајден е толку подготвен да потпише размена на затвореници и да го воскресне нуклеарниот договор од 2015 година кој е во умирање?

Дури сега, јасно е дека претседателот е првенствено загрижен за преговарање за ослободување на околу 220 заложници земени од Хамас, пред сé десетте американски граѓани кое сé уште се во заложништво. Бајден ја услови неговата поддршка за Израел со неодредено одложување на копнената офанзива на ИОС, барем додека не се гарантира безбедноста на Американците.

Досега, Нетенјаху се сложуваше со барањето на Бајден, но тој знае дека целта на израелската војна за уништување на Хамас еднаш и засекогаш не е нешто што може да се преговара. Контрастот меѓу израелскиот и американскиот пристап кон кризата е остар: Вашингтон го гледа конфликтот во трансакциска смисла, но за Ерусалим тој е егзистенцијален.

Сила и воздржаност

Хамас и нивните господари во Техеран го знаат ова, секако. Сега, исто така, го поставуваат невозможното барање Израел да ослободи над 6.000 осудени терористи. И цело време мора да претпоставуваме дека тие одат напред со полна пареа во развивањето на нулаерни капацитети, веројатно сега со помош на Путин.

Иранците се надеваат да водат дипломатска улога меѓу израелската воена цел за победа и онаа на САД за ограничување на штетата, додека Европејците ќе ја играат нивната навикната улога на корисни идиоти.

Она што претседателот, како повеќето негови колеги во ЕУ, катастрофално бавно го сфати е дека непријателството на иранската тиранија е непопустливо. Единствениот јазик што ќе го ограничи Техеран е оној на сила – преголема сила каква што само Вашингтон (но не и Брисел) може да проектира.

Всушност, Исламската Република е во војна со „Големиот сатана“ (САД), „Ционистичкиот идентитет“ (Израел), Британија и нашите сојузници од своето основање. Стотици милијарди приходи од нафта и безбројни животи се жртвувани од 1979 година во името на Исламската Револуција.

Она што е всушност сатанско е исламистичката државна идеологија наметната на Иран од основачаот на режимот, ајатолахот Хомеини и овековечено од ајатолахот Хамнеи, неговиот подеднакво крволочен наследник како врховен водач. Кога Хамнеи скандира „Смрт за Америка“, како што често прави, или ја користи фразата „конечно решение“ за Израел, тој ги мисли зборовите буквално.

Оваа апокалиптична визија, застапена во голема мера во антисемитизмот, не само што наложува постојана глобална војна против Евреите со цел да се забрза конечниот триумф на исламот, туку го опфаќа и уништувањето на јудејско-христијанскиот Запад – без разлика на човечката цена. Иранскиот режим и неговиот довереник Хамас зборуваат на јазикот на нацистички инспирираниот геноцид. Вокабуларот на Палестинците под влијание на Хамас во Газа, кои несмислено зборуваат, не за „цивилни жртви“, туку за „маченици“, потекнува од Иран. А сега го слушаме овој елиминистички лексикон на улиците на Лондон, во ритуалното скандирање „од река до море“, имплицирајќи дека Израел мора да биде избришан од картата.

Цената на помирување

Политичката теологија на овој конфликт диктира дека моралниот избор за Палестинците нема никаква врска со десјтвијата, колку и да се жестоки, туку со сé што е поврзано со идентитетот. Под диктаторството на релативизмот, кој си значи бескрајно многу повеќе од тоа што го правиш.

А сепак, уште од администрацијата на Обама, овој ист ѓаволски режим беше одоброволен од САД и ЕУ, прилично награден за ослободување на заложниците и згрижен – сé во името на спречување на мулите да го фатат нуклеарното оружје.

Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЗСПА), подобро познат како Иранскиот нуклеарен договор, беше потпишан во Виена во 2015 година. Петте постојани членки на ОН, како и Европската унија, се согласија да ги укинат повеќето долгогодишни санкции кон Иран и да ги одмрзнат иранските средства во замена за ограничувања на неговата нуклеарна програма.

Администрацијата на Обама го смири Иран, потпишувајќи го Иранскиот мировен договор во Виена во 2015 година Извор: POOL New/Reuters

Во 2018 година, администрацијата на Трамп се повлече од договорот, но од 2020 година администрацијата на Бајден се обидува да ги поправи односите со Техеран. Минатиот август, САД открија дека преговарале за нов ирански договор, предавајќи 6 милијарди долари во замрзнати ирански нафтени средства во замена за американски заложници.

Ентони Блинкен, американскиот Државен секретар, инсистира дека ниту еден дел од овие пари е потрошен, а камоли пренасочен во рацете на Хамас од хуманитарните цели кои биле договорени во договорот. Но, сепак, портпарол на Хамас се пофали за Би-Би-Си дека терористичкиот напад врз Израел бил финансиран од Иран.

Дури и да е во право Блинкен, сепак, предавањето даде зелено светло на режимот и поширокиот свет: Западот е отворен за бизнис со Иран.

Тоа што го прави смирувањето на Иран од страна на администрацијата на Бајден толку поцинично е фактот што од договорот од 2015 година, режимот ги засили и внатрешната репресија и заплашувачкото мешање во странство.

Најочигледно, имаше брутален одговор кон националните протести што избувнаа минатиот септември против државно санкционираната мизогинија на Исламската Република и нејзиниот третман кон етничките малцинства.

Овие протести, што продолжија без преседан 100 дена во текот на суровата акција, беа поттикнати од смртта на Махса Џина Амини, млада курдска Иранка, во рацете на озогласената „полиција на моралот“.

Иран ја засили својата внатрешна репресија, вклучувајќи го и бруталниот одговор на протестите против смртта на Махса Амини ФОТО: Маркус Шрајбер/АП

Од минатиот април, најмалку 19.200 демонстранти се притворени, а 537 убиени од страна на полицијата. Досега, седуммина се погубени и уште на стоттина им се заканува смртна казна. Во меѓувреме, иранското правосудство одговори на бунтот со тоа што го забрани симнувањето на шамиите на жените на јавно место.

Колку и да е несомнено шокантно ова ниво на државно насилство, тоа не е за изненадување. Иранскиот претседател од 2021 година, Ебрахим Раиси, беше озогласен обвинител во текот на деценијата по Исламската револуција. Како член на „комитетот на смртта“ во 1988 година, тој беше одговорен за погубување на дури 30.000 политички затворенеици во чистката што ја придружуваше војната против Ирак. Раиси ја воспостави иранската практика на спроведување масовно јавно бесење од кранови.

Сигурно е дека драконските домашни политики на Раиси ја имаат целосната поддршка на Врховниот лидер и свештенството. Истото важи и за спонзорирањето на режимот за бунтовниците и тероризмот ширум Блискиот Исток и пошироко.

Спонзорирање на тероризам

Еден од најдеструктивните – оттука за Техеран, успешен – од нив беше граѓанската војна во Јемен. Таму бунтовниците Хути, вклучувајќи и илјадници деца војници, ја дестабилизираа една од најсиромашните земји во регионот.

Децениската војна во нејзиниот јеменски двор го принуди најголемиот ривал на Иран, Сауди Арабија, да оди во дефензива. Човечката цена беше ужасна, со бројка на загинати од половина милион луѓе, во најголем дел предизвикана од глад.

Хутите се опремени со иранско оружје и за време на сегашниот Газа конфликт, проектили од Јемен насочени кон Израел беа пресретнати.

Меѓутоа, далеку поопасна за Израел е заканата од Хезболах. Оваа одамна воспоставена терористичка организација со седиште во Либан има арсенал од 150.000 проектили, доволно да го совлада дури и фалениот одбранбен штит на израелската Железна купола.

Навистина, толку е сериозна заканата од Хезболах што Израел презеде мерки на претпазливост да го евакуира Кирјат Шмона, пограничен град со околу 25.000 жители. За време на Либанската војна од 2006 година, градот беше погоден од повеќе од илјада ракети Катјуша.

Недалеку од Кирјат Шмона се наоѓа Кибуц Амир, што има посебно значење за мене. Работев таму во летото 1977 година како волонтер, тоа беше мојот прв вовед и во Израел и во кибуцот како начин на живот.

Помислив на моето време во Амир кога прочитав за масакарите од 7 октомври во Кибуцим Беири и Кфар Аза во близина на Појасот Газа. Во овои две заедница со големина на село, повеќе од 230 мажи, жени и деца беа убиени на садистички танц на смртта.

Кибуцим е населен со идеалистички семејства кои се издржуваат од земјоделство и лесни индустрии, избегнувајќи го материјализмот со цел да се реалзира оригиналната ционистичка визија, заснована на утопистичка форма на социјализам.

Животот на кибуцник не беше за мене, но заминав со длабока почит за интегритетот на нивните химанитарни принципи. Дури и оние кибуцници кои продолжија понатаму и постигнаа светски успех, како што е големиот израелски романописец, Амон Оз, често се враќаа во својот кибуц за мир и закрепнување.

Се сеќевам како локалните израелски Арапи, иако не беа членови на кибуц, работеа таму во услови на лесна блискост, еднаквост и доверба. Оваа доверба сега е поткопана, можеби кобно, со откритието дека се верува дека палестинските работници му дале информации на Хамас за Кибуџ Беир што им овозможило на терористите да го извршат својот погром. Не знаеме со сигурност сé уште дали таквата соработка со Хамас била доброволна или под присила.

Двете страни, но особено Палестинците, ќе бидат губитниците од ова предавство. Стотици илјади Палестинци од Западниот Брег и Газа работат во Израел, да не зборуваме за двата милиони израелски Арапи кои живеат таму. А сепак ова уништување на меѓусебната доверба на човечко ниво е дел од иранскиот мастер план за поткопување на еврејската држава со нејзино изолирање од соседите.

Друга цел на Иранците во подбуцнувањето на Хамас во нападот на 7 октомври беше да се саботира саудиско-израелското зближување. Договорите на Абрахам, што ги нормализираа односите меѓу Израел и неколку земји од Заливот, го отвори патот за сличен договор со Саудиска Арабија.

Формалното признавање на Израел од страна на Кралството би имало огромно симболично значење: делумно поради очигледните економски причини, но и поради тоа што саудиските монарси се гледаат себеси како Чувари на Двете свети џамии и Заштитници на Двата свети града на Мека и Медина.

Прифаќањето на трајноста на еврејската држава од страна на Домот на Сауд би било еднакво на официјален прекин на џихадот против Израел што трае од 1948 година. Токму тој постојан џихад обезбедува причина за постоење на терористички организации како Хамас и Хезболах – но и за самата Исламска Република.

Еден од неколкуте главни неуспеси на западната дипломатија е што го ризикуваше светиот грал на блискоисточната дипломатија, формален пакт меѓу Израел и Саудиска Арабија, за химера од договор со Иран.

Тоа што го прави фокусот на смирувањето на Иран уште понесфатлив е фактот што во текот на повеќе од една деценија од овој понижувачки процес, Иран постојано се обидуваше да го поткопа западното општество одвнатре и да ги гони своите противници дури во егзил.

Пример за ова беше принудното затворање минатиот февруари на иранската дисидентска телевизија со седиште во Лондон, Иран Интернешнл ТВ. Метрополинската полиција ја советуваше емигрантската телевизиска станица да ја напушти својата канцеларија во Чисвик, Западен Лондон, бидејќи не можеа да ја гарантираат безбедноста на вработените.

Минатиот март, Магомед-Хусејн Довтаев беше обвинет за тероризам откако беше уапсен додека, наводно, правел седум видеа пред седиштето на телевизијата. Тој се изјасни за невин. Иран интернешнл ТВ сега се пресели во САД.

Ваквите закани јасно се зголемуваат по зачестеност и гравитација. Во изминатата година и две, МИ5 и антитерористичката полиција имаат спречено најмалку 15 ирански заговори за убивање или киднапирање на поединци во Обединетото Кралство.

Сличен пораст на државен тероризам е забележан и на други места во Европа и САД. Минатиот јануари, тројца наводни убијци беа обвинети за заговор за атентат на Масих Алинеџад, истакнат ирански критичар на режимот кој живее во егзил во Бруклин.

Драматичниот пораст на антисематските инциденти и радикализацијата на муслиманските заедници ширум западниот свет откако Хамас ја започна својата офанзива на 7 октомври, обезбедуваат одлична можност за Иранците да ги засилат терористичките активности тука. Огромните маршеви во Лондон и други градови за поддршка на Палестинците се слабо маскирани про-хамас протести, со силно иранско присуство.

Во еден добро публикуван случај за време на марш низ Вајтхол на почетокот на овој месец, ирански дисидент сместен пред Министерството за надворешни работи беше нападнат од насилници, од кој едниот наводно му се заканаил дека ќе го обезглави. Тој беше заштитен од полицијата, но еден „демонстрант“ беше уапсен и подоцна обвинет за поседување нож.

Иранскиот корпус на револуционерната гарда е веројатно водечки светски спонзор на тероризам и иако официјално се води како терористичка организација во САД, нејзините лидери сé уште можат да влегуваат и излегуваат легално во Обединетото Кралство. И покрај критиките и од ториевците и од лабористите, владата се влечи по ова прашање. Во меѓувреме, предните организации поврзани со Иранскиот корпус на револуционерната гарда, како што е Исламската студентска асоцијација на Британија, функционираат неказнето.

Минатиот август, Еврејската хроника извести дека поранешна методистичка црква во Хамерсмит била користена од страна на команданти на Иранскиот корпус на револуционерната гарда за ширење на негирањето на холокаустот, за антисематска пропаганда и повици за џихад по британските универзитети.

Токсичните идеи што се шират меѓу илјадниците студенти од страна на најмалку осум команданти на Иранскиот корпус на револуционерната гарда го вклучуваат тврдењето дека „Евреите ја создале хомосексуалноста“, заедно со апокалиптичните визии за „ослободување“ на Ерусалим, отстранување на „сите траги“ на Израел и уништување на американскиот Конгрес.

Жртви и сторители

Ако некој се сомневаше за заканата наметната од иранската пропаганда во сегашниот конфликт, тие треба само да го проучат јазикот на западните хуманитарни агенции со седиште во Газа. Само во изминатата недела, „Action Aid“ го обвини Израел дека го користи „гладувањето како оружје за војна“, додека „Oxfam“, исто така, го вперува прстот кон Израел, тврдејќи дека „неверојатни 2.2 милиони луѓе сега имаат итна потреба од храна“.

Јасната импликација на таквите неосновани обвинувања е дека Израел сега е виновен за геноцид, кога всушност Хамас е тој што и проповеда и практикува геноцид против Израел. Истовремено, во ОН, иранскиот министер за надворешни работи го предупреди САД да не го поддржува „геноцидот во Газа“, или во спротивно „нема да бидете поштедени од огнот на војната“.

Пред нашите очи се создава наратив што е инверзија на вистината: Палестинците предводени од Хамас се жртвите, а не сторителите, на геноцидот. А автори на овој монструозен наратив се Иранците.

Каде одиме од тука? Треба да се потсетат Џо Бајден и Ентони Блинкен дека Израел е оштетената страна, а не агресорот, во оваа ситуација. Исто како што по 9 септември Американците не се смирија сé додека Осама бин Ладен не беше убиен а Ал Каеда разбиена, така и Израелците сега се решени да го уништат Хамас, бидејќи имаат право на тоа според меѓународното право.

Распоредувајќи американска воздушна сила на Блискиот Исток, Бајден треба да ја искористи за да го забрани иранскиот воздушен простор и за систематско деградирање на Иранскиот корпус на револуционерната гарда. Претседателот Раиси и Врховниот лидер Хамнеи мора да научат дека не може да поттикнуваат напади против САД, а камоли злосторства против човештвото во Израел, без да платат висока цена.

Што се однесува до жителите на Газа: нивната единствена надеж е да биде отстранет засекогаш инкубусот на Хамас. Откако таа цел ќе биде постигната, Израел треба да ја предаде администрацијата на Газа на заедничка комисија, да ги вклучи Палестинските власти и Египќаните, со посредство на САД и ЕУ, но финансирано од арапските држави.

Дома, со цел да го обнови својот кредибилитет, Бајден мора да се соочи и со пропалестинските демократи и со републиканските изолационисти. Неговата најдобра надеж да го спречи враќањето на Трамп, што може да биде кобно за американскиот престиж, е да застане недвосмислено на страната на Израел и Украина против Иран и Русија.

Подготви: Д. Мишев

Превод: Н. Цветковска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕвропаИзраелИрантероризамХамас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ