• Latest
Петрит Сарачини

Каква иднина си крои човештвото?

January 8, 2022

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Каква иднина си крои човештвото?

Молкот кон метастазирачкото лудило денес, е инвестиција во тоталното лудило што не очекува утре

January 8, 2022 16:09
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Хистеризирањето и поларизацијата на општествата одамна ја помина точката од која нема враќање. За жал, како што тргнало, не само ние, туку целиот свет, ќе продолжи да ита до точката на зовривање – на тотална општествена конфронтација и тотална војна, насекаде.

Прогресирањето кон таа точка не може да се сопре со дисфункционалните и селективни демократски механизми и политичари преокупирани со дневни политички битки, кои не успеваат да ја согледаат димензијата на хибридната војна во која веќе се наоѓа целиот свет, и која забрзано се пренесува од виртуелниот на реалниот терен.

Преголема е толеранцијата кон злото, масовните манипулации, дезинформации и сите други средства што се користат за дерационализирање на луѓето до ниво на безумна агресија.

Итаме кон таа имплозија, или експлозија, наречете ја како сакате. Кога ќе се случи, ќе биде тоа гласен, но задоцнет аларм за будење, како повеќепати низ историјата.

Жално е што овојпат отидовме толку понапред од пушките и бомбите, па имаме доволно софистицирани технологии и средства, коишто наместо да ги користиме за напредок и „храбро одење таму каде што никој не бил досега“, ги користиме за да си го напишеме сопствениот крај како цивилизација.

Човештвото сега ги мрази умните, промислените, рационалните, и се оддава на водството и примерот што го даваат лудаците и површните во секоја област, закачени на најтемните пориви на човековата психа.

Ако е за некаква утеха, сепак има тука и некаква „космичка правда“ – токму најревносните следбеници на тоа лудило, ќе бидат и неговите први и најголеми жртви.

Преживувањето на човештвото веќе е сведено на ниво на теоретска шанса и чудо. И да преживее некој, тоа нема да бидат најспособните, ниту најмоќните, туку – најсреќните.

Молкот кон метастазирачкото лудило денес, е инвестиција во тоталното лудило што не очекува утре.

Толку од Младиќот и Кристалната топка, празнично, да не биде дека не било кажано.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ