• Latest
ЗАД ПРИЈАТНАТА НАДВОРЕШНОСТ СЕ КРИЈАТ ТЕШКИ УСЛОВИ: Затворот во Бандирма, Баликесир, Турција

Какви се затворските услови во кои се наоѓа осомничениот убиец на дете, Палевски?

December 29, 2023

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Какви се затворските услови во кои се наоѓа осомничениот убиец на дете, Палевски?

December 29, 2023 18:03
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ТОП 5
ЗАД ПРИЈАТНАТА НАДВОРЕШНОСТ СЕ КРИЈАТ ТЕШКИ УСЛОВИ: Затворот во Бандирма, Баликесир, Турција

ЗАД ПРИЈАТНАТА НАДВОРЕШНОСТ СЕ КРИЈАТ ТЕШКИ УСЛОВИ: Затворот во Бандирма, Баликесир, Турција

Share on FacebookShare on Twitter

По веста за затворањето на Љупчо Палевски, осомничен дека е убиецот на 14-годишната Вања, во турскиот затвор во Бандирма, во провинцијата Баликесир, побаравме информации за таа установа.

Информациите за турските затвори се ретки, но дел од организациите за човекови права, успеваат да дојдат до информации за животот на затворската популација во овие установи. Тие извештаи говорат дека перцепцијата за „турски затвор“ е блиска до условите во реалноста.

Затворот во Бандирма, Баликесир, го има во низа извештаи на организациите за човекови права. Според извештаите, засновани на поплаки и сведоштва од затвореници и од нивните семејства, се работи за еден од затворите каде што се бележат прилично тешки услови.

Во еден извештај за состојбата во овој затвор, стои дека „болните затвореници не се носат во болница“.

Понатаму, во извештаите се наоѓаат информации и за чести претресите во ќелиите, како и претресите „до гола кожа“ во кои „детално се проверуваат сите отвори на телото“.

Затворениците немаат никаква приватност, а за најмала ситница што ќе им биде најдена при претресите, за која стражарите ќе одлучат дека не е дозволена, затворениците се казнуваат. Според извештаите, физичкото и менталното малтретирање се сосема нормално секојдневие.

Понатаму, како што откриваат извештаите до кои дојде ЦИВИЛ за затворот во кој се наоѓа Палевски, во просториите наменети за максимум десет лица престојуваат по дваесет и повеќе луѓе. Според ретките сведоштва до кои доаѓаат истражувачите на состојбите во турските затвори, храната е многу лоша, поточно, затворениците често добиваат остатоци од храна.

Според информациите од Министерството за правда, постапката за екстрадиција на Палевски би можела да трае и до неколку месеци, а скратена постапка е можна само кога лицето прифаќа да биде екстрадирано.

Судејќи по информациите за затворските услови во Турција, не е исклучено осомничениот за убиство на дете, Палевски, самиот да побара екстрадиција. Делот од јавноста кој бара казна за осомничениот убиец, може да се задоволи, барем делумно, со тоа дека тој веќе издржува прилично тешка казна.

Дежурен деск на ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ