Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ го објави календарот за 2017та година.
„Моделите“ во календарот, активист(к)и за човекови права, новинар(к)и, уметници…, реконструираат сцени од своите омилени филмови.
„Избрани се филмови кои ги застапуваат вредностите за кои се залага и Коалицијата. Календарот е промотивен и го правиме за првпат оваа година. Учесниците кои се дел од реализацијата се наши соработници, активисти, уметници, новинари…, кои веруваат во вредностите промовирани со овој календар“, изјави Ирена Цветковиќ од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, во разговор за ЦИВИЛ Медиа.
Дел од проектот се Билјана Секуловска, Уранија Пировска, Никола Шиндре, Линда Ристеска, Љубомир Фаизов, Јана Јакимовска, Румена Бужаровска, Ѓорѓе Јовановиќ и Александра Бубевска.
Фотографиите се придружени и со пораки, како што се: „Нормалното е илузија. Тоа што е нормално за пајакот е хаос за мувата“, „Жената заслужува да се одмазди. А ние заслужуваме да умреме“, „Треба да можеме да се убиеме себеси во своите глави и да се родиме одново“…