• Latest

Каменос: Ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје

March 27, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Каменос: Ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје

March 27, 2018 10:10
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Ние на кој било начин ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје, ова е јасно, вели лидерот на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.  

Во интервју за утринска емисија на грчката телевизија „Антена“, тој не само што ги повтори неговите позиции против сложено име, туку два пати порача дека тие како партија ќе се обидат на кој било начин, да блокираат терминот Македонија да биде вклучен во името на нашата земја.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Каменос рече дека за евентуалниот договор да стигне до грчкиот парламент, потребно е да се исполни грчкото барање за уставни промени.

– За да има промена на Уставот ќе треба да се одржат избори во Скопје. Ајде да речеме дека ќе се одржат избори и да речеме дека има пресврт и прифатат уставни промени, што денес не прифаќаат. Само тогаш, со одлука на грчката влада, ќе дојде овој договор во парламентот и ќе треба да решиме што ќе правиме. Ние пред сѐ нема да предложиме таквото решение да дојде во парламентот. Второ, и да предложат другите и Нова демократија и тогаш нема да гласаме. И ако треба и на друг начин да го блокираме процесот, ќе го сториме тоа, рече Каменос.

На прашањето дали тоа значи и пад на актуелната грчка влада, лидерот на Независни Грци објасни дека за да се случи тоа, ќе треба одлуката да е и негова и на грчкиот премиер.

Каменос, токму поради барањето за уставни промени, смета дека договор нема да има, па дури ни по изборите во Грција што регуларно треба да се одржат во септември следната година.

– Сметам дека прашањето со името на Скопје нема да дојде пред изборите, бидејќи нема да има уставна промена во Скопје. Веруваме дека нема да дојде ниту по изборите. Но, доколку дојде, јас сум обврзан да го следам мандатот што го имам од граѓаните. И мандатот што Независни Грци го имаат од народот е никаква употреба на терминот Македонија, од никаква причина и на никаков начин, крај, порача актуелниот министер за одбрана на Грција.

Во однос на изјавата на грчкиот премиер и употребата на името Горна Македонија на прес-конференцијата во петокот, во одговор на прашањето на дописничката на МИА од Брисел, Каменос вели дека тоа е став на Ципрас.

– Премиерот верува во тоа и јавно го кажа и се бори за тоа да најде решение со сложено име во рамките на договорот на Караманлис од Букурешт. Моето мислење и мислењето на Независини Грци, и тогаш беше исто, а тоа е да не се користи терминот Македонија во кое било име, дали е Горна, Нова, поранешна, коментираше коалициониот партнер во грчката влада.

Панос Каменос во интервјуто објасни дека тој е министер за одбрана во една коалициска влада, во која секој има свои црвени линии.

– Премиерот ги почитува моите црвени линии, јас ги почитувам црвените линии на премиерот, додаде Каменос.

[divide]

Извор: МИА

Tags: ГрцијаимеКаменосМакедонијаспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ