• Latest

Кампања на МВР: Петарди НЕ, безбедност пред сè!

December 21, 2023

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Кампања на МВР: Петарди НЕ, безбедност пред сè!

December 21, 2023 12:21
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Тетово, Штип, Скопје и Битола вчера реализираа низа превентивни активности првенствено фокусирани на учениците, со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства во пресрет и за време на претстојните празници.

Во рамки на заедничките активности на МВР и  Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје „Петарди НЕ, безбедност пред сè“,  беа посетени две тетовски општински средни училишта, „Никола Штејн“ и „Осми Септември“. Лекари од оваа клиника во содејство и координација со полициски службеници од Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово одржаа стручни предавања на кои присуствуваа ученици од вкупно 18 паралелки.

На предавањата посебно беше нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред сè од повреди на рацете, очите и другите делови на телото. Покрај ова, учениците поблиску беа запознати и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства. Тие беа  информирани и дека продажбата и активирањето на вакви пиротехнички средства, покрај прекршочно може да се санкционира и со кривични пријави, зависно од околностите и крајните последици.

Вакви предавања денеска се одржуваат и  во уште две тетовски општински средни училишта „Кирил Пејчиновиќ“ и „Моша Пијаде“.

Превентивна активност во рамки на кампањата „Петарди НЕ, безбедност пред сè“ беше спроведена и од страна на СВР Штип-ОВР Берово со учениците од средното општинско училиште „Ацо Русковски” во Берово, како и од СВР Битола- ОВР Македонски Брод во ООУ ,,Мустафа Кемал Ататурк” во с.Пласница.

Како што соопшти МВР, ваква активност во рамки на кампањата се спроведе и од страна на СВР Скопје во ОУ „Васил Главинов”, ОУ „Исмаил Ќемали”, ОУ „7-ми Март” и СУГС „Цветан Димов”. Покрај тоа,

ЦИВИЛ ја поддржува кампањата на МВР со апел да не се употребуваат петарди и други пиротехнички средства и ги повикува граѓанките и граѓаните да го пријават несовесното и противзаконско однесување.

Од МВР информираа и за уште две превентивни кампањи.

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе сообраќајна едукативна активност на подрачје на Бит Пазар, во склоп на кампањата „Биди подготвен – користи зимска опрема“. Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал и им беше укажано за потребата од почитување на законската регулатива за задолжително користење на зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.

Полициски службеници, пак, од ОВР Ресен реализираа превентивна активност со граѓаните во насока на заштита од измами и кражби, а ОВР Крушево на тема „користи зимска опрема”, каде на возачите им се укажуваше за потребата и законската обврска за задолжителното поседување  на зимска опрема во возилата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ