• Latest
Фото: МИА

Кандидатите за градоначалници и носителите на листи во Гостивар потпишаа Кодекс за фер избори, Левица бојкотира

September 26, 2025

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Кандидатите за градоначалници и носителите на листи во Гостивар потпишаа Кодекс за фер избори, Левица бојкотира

September 26, 2025 20:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Тројца кандидати за градоначалници и седум носители на листи, освен на Левица го потпишаа Кодексот за фер избори на средбата која ја организира Општинската изборна комисија Гостивар. Тројцата кандидати во обраќањата ја истакнаа важноста од водење на кампања без навреди и лични дискредитации и очекувањата да се почитуваат етичките норми во изборниот процес кој следи.

Претседателот на ОИК Гостивар, Газменд Јашари искажа задоволство од прифаќањето на поканата и тоа го оцени како важен чекор кон спроведувањето на фер избори. Неговата заменичка Ајше Османи посочи дека Кодексот за фер и демократски избори, не е само формалност, туку обврска за почитување на законите, правилата и етичките норми во изборниот процес.

Кодексот го потпишаа тројца кандидати за градоначалник на општина Гостивар: Висар Адеми (независен), Ваљбон Лимани (НАИ) и Себаедин Даути (ВЛЕН-ВРЕДИ). Кандидатот за градоначалник Дарко Грујоски и носителот на листа на листа од партијата Левица не присуствуваа на церемонијата. Грујоски во обраќањето преку социјалните мрежи, наведе дека изборите од старт не биле фер.

– Единствено на Левица ѝ е забрането платено политичко рекламирање, со што уште пред почетокот се нарушува рамноправноста и создаваат нефер услови. Не може да зборуваме за фер избори кога за сите партии важат едни правила, а за Левица сосема други – селективни и дискриминациски, наведе Грујоски.

Во Кодексот се наведува дека учесниците во изборите се обврзуваат дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи без да вршат притисок врз вработените во државните институции и установи и дека нема да користат говор на омраза.

На претстојните избори со листи за кандидати во општинскиот совет кој од овој цуклус ќе има 23 членови поднесоа: Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата ВЛЕН / ВРЕДИ, Национална алијанса за интеграции (ДУИ, АА и други партнери), партиите: Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Левица, Движење за национално единство на Турците (ДНЕТ) Демократска партија на Турците на Македонија (ДПТМ).

Tags: Гостиваризбори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ