• Latest
Фото извор: Wikimedia Commons; текстот во фотографијата е редакциски.

Капата на Трамп: MRGA – Make Russia Great Again

February 20, 2025

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Капата на Трамп: MRGA – Make Russia Great Again

February 20, 2025 13:51
in ES-PRESS-O, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото извор: Wikimedia Commons; текстот во фотографијата е редакциски.

Фото извор: Wikimedia Commons; текстот во фотографијата е редакциски.

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Влегува Јане во редакција утрово и прашува – „Што? Трамп уште не ја нападнал Украина?“ Не, му велам, ќе нападне кога ќе добие команда од шефот, Путин. Овој утрински редакциски црн хумор се надоврза на еден разговор од претходната вечер, кога една универзитетска професорка ми кажа дека трампистите треба да го сменат натписот на своите капи во МРГА – Направете ја Русија величествена повторно (Make Russia Great Again).

Навистина, Трамп на тацна му ја подаде Америка на Путин, американската гордост и демократија… Тој како папагал ги повтори сите лаги на Путин за Украина. Излажа и дека САД одвоиле 350 милијарди долари за Украина. Тоа не е точно – 64 милијарди се[1]. Украинските даночни обврзници ја финансираа својата борба за слобода со 120 милијарди долари. Европа е далеку поголем донатор од САД – во прв ред ЕУ, но и земји надвор од ЕУ како што е нашата земја, која од првите денови е на страната на Украина.

Ова е тажен ден за американската демократија, рече сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс. Мојот омилен историчар, светски познатиот Тимоти Снајдер, постапките на Трамп ги нарече „морално одвратни“. Поранешниот австралиски премиер, Малколм Турнбул, рече дека ова е нов свет на нередот (new world of disorder).

И Турнбул, како и голем број лидери на Европа и светот, безброј опинион мејкери и аналитичари, го осудија Трамп и неговиот тим за предавство и капитулација пред еден воен злосторник, гангстер и диктатор. Трамп ги поддржа сите апсурдни и лажни наративи на Путин. Според него, украинскиот претседател Володимир Зеленски има само 4% поддршка од Украинците. Тоа е руска пропаганда и е обична лага! Рејтингот на Зеленски во моментов е 63%, за разлика од оној на Трамп кој е 47% (според Ројтерс е со рејтинг од 44%).

Прочитајте го прилогот на колегата Мишев во кој стои дека „бројката од 4% Американци со многу позитивно мислење за Путин, кореспондира со лажното тврдење на Трамп дека украинскиот претседател Зеленски има поддршка кај Украинците од 4%“. Зеленски е попопуларен од Трамп дури и во самата Америка! Ги измешал коцките човеков. Или, што е поверојатно, само безобразно и грубо лаже, надевајќи се дека олигарсите ќе му помогнат да ги смени алгоритмите во своја корист.

Да не набројувам. Буквално сите ставови на Трамп за Украина се лажни. Тој отиде дотаму што го нарече Зеленски диктатор, затоа што не излегол на избори. Среде целосна инвазија од воена супер сила, во земја што се наоѓа во воена состојба, Путин и Трамп очекуваат од Зеленски да излезе на избори (спротивно на украинскиот устав)!? По неговата логика, испаѓа дека Путин, Лукашенко и сличните, со по 20 и повеќе години неприкосновена власт и серија тотални изборни кражби се – демократи.

Оваа ситуација можат да ја надминат самите Американци. Сега е ред на нив да се справат со оваа закана. Ако поради ништо друго, тогаш поради доброто на американската демократија.


[1] Според германскиот Институт за глобална економија во Кил, САД на Украина ѝ одобриле 114,2 милијарди евра (околу 119,5 милијарди долари) од 2022 година до крајот на 2024 година, со дополнителни 4,84 милијарди евра (околу 5,1 милијарди американски долари), кои допрва треба да се распределат.

Малку повеќе од половина од ова (64,1 милијарди евра, или 67 милијарди долари) се воена помош, а остатокот е хуманитарна и финансиска помош. Проценката за воената помош е во голема мера конзистентна со бројките на самата влада на САД, при што Стејт департментот во јануари објави дека САД обезбедиле воена помош од 65,9 милијарди долари од февруари 2022 година.

Во медиумите нашироко циркулира поголема вкупна сума од 175 милијарди долари помош за Украина. Сепак, оваа сума се однесува на вкупниот износ на помош за Украина одобрена од Конгресот од 2022 година. Тинк-тенк организацијата Совет за односи со странство забележуваат: „Од вкупно 175 милијарди долари, само 106 милијарди долари директно ѝ помагаат на владата на Украина. (Извор: Full Fact, https://fullfact.org/news/us-assistance-ukraine/)


 

Замислете свет во кој не постои вистина

Додворувањето кон Путин не е лидерство – тоа е капитулација!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ